ГОЛЕМ ОДМОР

На ден 29.11.2016г. учениците  од нашето училиште „Дане Крапчев“  беа гости – учесници  во образовната програма Голем одмор-МРТ. Учесници беа учениците од предметна настава од VI до IX одделение.

На почетокот беше претставена личната карта на училиштето и проектните активности кои што се реализираат, а потоа учениците се претствија со работата во воннаставните активности и нивни изведби.

Се претставија учениците талентирани за ликовна уметност со своите ликовни творби,  работилница за новогодишни украси  и награди освоени од ликовни конкурси. Исто така  самостојно сликаа на слободна тема во текот на целата емисија.

Еко тимот преку креативните работилници се претстави со изработки – цветни аранжмани кои ги засадија во стари предмети кои ги пренаменија во саксии. Прикажани беа и дел од фустаните  од  модната ревија-рециклирана облека и се водеше разговор со младите креатори за нивните идеи за изработка на моделите и за одржаниот Еко настан-модна ревија Trash fashion .

Младите математичари освен тоа што се вешти во решавањето на задачи успешно се претставија со презентациите за животот и делото на познати математичари.

Литературните творци зборуваа за нивните учества на разни конкурси , а беше претставена наградената творба на одржаната II Книжевна манифестација “Есен во Гази Баба“ по повод Денот на Општината  3 Ноември на тема:„Прличев и Сердарот во мојот есеј“

Преку Квиз- натпревар учениците ги покажаа своите познавања од музичката уметност.

Дел од членовите на мандолинскиот оркестар успешно ја изведе Божиќната песна, а маладиот хармоникаш го свиреше македонското Свадбарско оро.

Во емисијата се претставија и учениците преку ритмички игри и соло пеење на  прекрасната француска песна Ma-philosophie.

Гостувањето во емисијата траеше од 10,30 до 11,30,а дружењето и позитивните емоции продолжија и се пренесоа во училиштето.

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА УЧИЛИШТЕТО

МАТЕМАТИЧАРИ

ЕКО ТИМ  + ЛИКОВНА УМЕТНОСТ

МУЗИКА