На 17.06.2017година, во соработка помеѓу Специјалната олимпијада и УНИЦЕФ, се одржа конференција на тема ,, Обезбедување на можности за личен развој и интеграција во заедницата на лицата со интелектуална попреченост преку спортот,,. На оваа конференција и присуствуваа Јорданчо Тодосиев – наставник по физичко и здравствено образование и Елизабета Георгиевска -одделенски наставник.
Специјалната олимпијада за „Млади атлети“ е програма за спортување и игра за деца со и без интелектуална попреченост на возраст од 2 до 9 години. Целта на програмата на „Млади атлети“ е да ги запознае децата со основните спортски вештини, начините како децата заедно да играат и да се дружат.
По воведот кој го дадоа претставниците на Специјалната олимпијада и УНИЦЕФ, Младите атлети – деца и волонтери, прикажаа практични примери, вежби и игри кои можат да се користат на часовите по физичко и здравствено образование. Потоа следуваше работилница на која волонтерите, наставниците, стручните соработници и водителите на конференцијата работеа во групи и меѓусебно си ги разменуваа своите искуства околу потешкотиите со кои се среќаваат во секојдневната работа и како истите да се надминат.
Одделенски наставник:
Елизабета Георгиевска