4 Ноември – Светски ден на дијабетесот

Тимот на Црвен крст во нашето училиште изминатата недела го одбележа Светски ден на дијабетесот .

Учениците изработија едукативно пано,презентација и реферат со корисни информации за оваа заболување,со цел да допринесат за превенција и подигање на свеста кај јавноста за дијабетесот.

Дијабетесот е хронична болест која се јавува кога панкреасот не произведува доволно инсулин или кога телото не може ефикасно да го користи инсулинот што го произведува.

Инсулинот е хормон кој го регулира шеќерот во крвта. Хипергликемија, или покачен шеќер во крвта, е најчест ефект на неконтролиран дијабетес и со текот на времето доведува до сериозно оштетување на голем број системи на телото, особено на нервите и крвните садови.

Постојат три типа на дијабетес: дијабетес тип1, дијабет тип2 и гестациски дијабет.

Во прилог ги споделуваме изработките на нашите ученици: Ева Стојмановска, Марија Трајковска, Калина Павлевска и Мила Николова.

Одговорен наставник за активноста – Бојана М. Личева.

ВЕЖБА ЗА ЕВАКУАЦИЈА

Денес, со почеток во 13 ч. во нашето училиште се спроведе симулациска вежба за заштита при земјотрес,пожар и елементарни непогоди.

Вежбата имаше за цел:

-да се проверат елаборатите и плановите за елементарни непогоди и катастрофи во училиштето;

-да се обезбеди високо ниво на подготвеност за дејствување при катастрофи со цел безбедно

згрижување на учениците и вработените;

Од спроведената вежба може да заклучиме дека постоечките планови за евакуација се функционални, а вежбата е успешно спроведена на високо ниво.

Донација од Црвен крст

СРЕЌАТА е единствената работа која се множи кога се дели!

Во соработка со општинската организација на Црвениот крст и благодарение на иницијативата на општествено одговорни младенци добивме пакетчиња училишен прибор.

Истите се распределени на наши ученици од ранливи категории.

Благодарност од срце

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР за ПРВА ПОМОШ

На 44 -от натпревар за прва помош нашиот тим докажа дека е меѓу најподготвените да укажува помош кога е најпотребно. Тимот составен од: Теона Јовева Теодора Јосевска, Тео Бојанчев, Анастасија Ивановска, Вероника Златковска и Ведран Велковиќ го сместија нашето училиште помеѓу најспремните и го освоија четвртото место;

Благодарност до нашите поранешни ученици, посебно Ангела Ангелкоска и Адриана Стоилевска кои помагаа во подготовките.

НЕДЕЛА за БОРБА ПРОТИВ РАКОТ

Секоја година во светот заболуваат над 12 милиони луѓе од некој вид малигни заболувања, а 7,6 милиони умираат како последица на болеста.

Експертите и Светската здравствена организација нагласуваат дека приближно 40% од карциномите можат потенцијално да се спречат и ризикот од развој на малигни заболувања може значително да се намали со примена на превентивни мерки и промена на животните навики.

Учениците од IX одделение изработија пано во контекст на оваа тема, ставајќи акцент на пушењето. Оваа штетна навика се смета за ризик фактор кој доведува до малигни, но и многу други тешки болести.

Подршка за сите кои поминале или минуваат низ борбата со ракот!

Со почит,

Тимот на Црвен крст од нашето училиште.

Одговорен наставник: Бојана М.Личева

Обука на ученици за укажување прва помош

ДЕНЕС БЕВМЕ СТАВЕНИ ПРЕД ПРЕДИЗВИК ДА ЈА РАЗБЕРЕМЕ ВРЕДНОСТА КОЈА ПРВАТА ПОМОШ ЈА ИМА ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ! . .

⭕️Црвениот крст на Гази Баба и одговорните наставници на ,,Тимот за црвен крст” Бојана М.Личева и Весна Димитровска на нашите ученици од VI до IX одд. им овозможија да се стекнат со вештини и знаење за укажување прва помош кога животот на поединци е во опасност. .. .

⭕️ДА НАУЧИМЕ ДА СПАСИМЕ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ, ЗНАЧИ ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ ГРАЃАНИ НА НАШЕТО ОПШТЕСТВО!

СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА ЗА ЗАШТИТА ОД КАТАСТРОФИ И ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ

ДЕНЕС, 13 Октомври, НАШИТЕ УЧЕНИЦИ И ВРАБОТЕНИ СПРОВЕДОА УСПЕШНА СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА ЗА ЗАШТИТА ОД КАТАСТРОФИ И ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ. ️

🔸️️️Вежбата имаше за цел: —да се проверат елаборатите и плановите за елементарни непогоди и катастрофи во училиштето; – –да се обезбеди високо ниво на подготвеност за дејствување при катастрофи со цел безбедно згрижување на учениците и вработените;

🔸️НАШАТА ИНСТИТУЦИЈА СО РЕДОВНИ СИМУЛАЦИСКИ ВЕЖБИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СВОИТЕ УЧЕНИЦИ И ВРАБОТЕНИ И ВО ИДНИНА!

Второ место на градски натпревар по прва помош

Денес со гордост соопштуваме дека нашите ученици учествуваа на градскиот натпревар по прва помош освоија II место. Благодарност до нашата поранешна ученичка Ангела Ангелкоска за подршката во подготовките. Раководител на екипата нас. Бојана М. Личева.

ПРВО МЕСТО за нашата екипа на ЦРВЕНИОТ КРСТ

🏆🎖 Денес сме горди на ПРВОТО МЕСТО за нашата екипа на ЦРВЕНИОТ КРСТ, на ниво на општина 🏆🎖 Нашиот училишен тим на Црвениот Крст учествуваше на 43-от општински натпревар по прва помош. Екипата составена од Теона Јовева – капитен, Адриана Стоилевска, Горазд Стојановски, Бисера Стојменовиќ, Антонија Владевска и Теодора Јосевска го освоија првото место. Раководител на екипата е наставничката по биологија Бојана М.Личева. Голема благодарност до волонтерката Ангела Ангелковска, наша поранешна ученичка која несебично ни помогна во подготовките 🥇🏆

Едукација на тема дентална хигиена

Во месец декември училишниот тим на Црвен крст реализираше едукација на тема дентална хигиена наменета за учениците од одделенска настава. Поголемите ги учеа помалите како правилно да се грижат за забите.Потсетувањето за денталната хигиена не е на одмет, особено во пресрет на празниците кога пред нас ќе има многу слатки 😁