УСПЕХ НА РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРВАР ПО ХЕМИЈА  

    Регионалниот  натпревар по Хемија се одржа  на 13.04.2024г. На овој натпревар учествуваа ученици од осмо и деветто одделение  и ги постигнаа следните резултати:

VIII одд.

Тара Спасиќ VIII-2 – III награда

Софија Мијалковска VIII-3- III награда

Дамјан Петровиќ VIII-3- Сертификат

IX одд

Дејанчо Стојановски IX-1 – III награда

Честитки на сите ученици за постигнатиот успех!

Им посакуваме многу успех на ученичките Тара Спасиќ и Софија Мијалковска, кои продолжуваат на Државниот натпревар!                                                                

  Ментор на учениците Елена Томевска

III место во Финалето за Француска шансона

На 13 април, сабота, во салата во хотелот Холидеј ин се одржа финалето од натпреварот за Француска шансона во организација на фондацијата Бел Идеал од Париз. Во категоријата за основни училишта, помеѓу шест финалисти беше и нашата Катарина Пислевиќ од 9-2 одд. Таа ја пееше песната Voila од Barbara Pravi и освои ТРЕТО МЕСТО а со тоа доби НАГРАДА, престој на ЛЕТЕН ФРАНКОФОНСКИ КАМП кој оваа година ќе биде во ОХРИД. На кампот ќе присуствуваат победниците ( првите 3 места) од државните натпревари и конкурси од основно и средно образование а 15 од нив, повеќето средношколци ќе патуваат во Париз.

Честитки Кате и уште многу успеси.

Одлични резултати на Регионалниот натпревар по Македонски јазик

Трудот и знаењето вредат и се награда за нашите ученици.

1 место – Ангелина Трпковска од 6 одд. – ментор Марија Шереметкоска

2 место – Калина Караџоска од 7 одд. – ментор Елена Малинова

2 место – Никола Тргачевски од 6 одд. – ментор Марија Шереметкоска

Честитки до сите ученици кои учествуваа, им посакуваме успех и на Државниот!

Второ место на Државниот рецитаторски натпревар

На 23 март 2024 година, во „Скопје Сити Мол“ во организација на Сојузот на ДМЈЛ се одржа Државниот рецитаторски натпревар за учениците од основно и средно образование.

Од ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје, ученичката Софија Мијалковска од 8 одд. освои второ место,

ментор Катица Стојчевска, а ученичката Александра Антовска од 9 одд. доби благодарница за учество,

ментор Марија Шереметкоска.

Честитки за успешното интерпретирање и постигнатиот успех на двете ученички. Им посакуваме понатамошни успеси.

eTwinning проектот Let’s take climate action! со најпрестижни признанија за квалитет

eTwinning проектот Let’s take climate action! ги доби најпрестижните признанија за квалитет

National Quality Label и European Quality Label.

Основач на проектот е наставничката по англиски јазик Катерина Лукарова, а во него учествуваа ученици од нашето училиште како и 16 наставници и 110 ученици од повеќе држави Италија, Португалија, Шпанија, Турција, Романија и Полска.

Во рамките на проектот беа реализирани најразлични активности преку кои учениците го подобруваа Англискиот јазик, своите комуникациски вештини, тимскиот и натпрварувачкиот дух, мултикултурализмот и толеранцијата.

Учеството во проектот е од непроценливо значење за сите, а задоволството од добиените признанија уште поголемо.

ДЕНЕС ПРИМИВМЕ НАГРАДА И ПРИЗНАНИЈА НА ЛИТЕРАТУРЕН И ЛИКОВЕН КОНКУРС

🔸️Наши ученици од VIII и IX одд. и нивните ментори Елена Малинова и Марија Н.Наневска присуствуваа на свечен настан кој се одржа во СГГУ на ГС “Здравко Цветковски”- Скопје со цел доделување награди за учество на Конкурсот за најдобра литературна, ликовна и истражувачка творба.

👉 II место за есеј на тема: “Божиќниот чај со моите најблиски” освои ученичката Јована Србиноска од IX-1 одд., ментор Елена Малинова, а другите учесници добија пофалници за учество.

🔸 ️Честитки за сите учесници, многу успеси во иднина!

НАШИТЕ УЧЕНИЦИ НАГРАДЕНИ НА СВЕТСКИ ЛИКОВНИ КОНКУРСИ

🎖 Учениците: Дамјан Петровиќ и Тамара Додевска ја добија престижната награда на градот Канагава, ЈАПОНИЈА.

🎖На ликовниот конкурс: “Биди уметник-Играј со мене” во СЛОВЕНИЈА, наградени беа:

Анастасија Ивановска, Бирсен Вели и Давид Арнаудов.

🎖Ученикот Никола Тргачевски доби штедна книшка од НЛБ БАНКА на ликовниот конкурс за oдбележување на денот на штедењето.

🎖Учениците Маркијан Јовчев и Каја Стојковска го промовираа фолклорот итрадицијата.

Маркијан Јовчев освои прво место, а Каја пофалница на ликовниот конкурс на “ФОЛКОНИКА”.

🔸️Во склоп на Еразмус+ проектот “Safe internet use”, учениците успешно учествуваа на креативна ликовна работилница.

🔸️Вратите на овие ликовни конкурси на наградените ученици ширум им ги отвара и долги години безрезервно ги мотивира нивниот наставник по ликовно образование М-р Марија Николоска-Наневска.

🔸️На сите ученици им честитаме за освоените награди и им благодариме за нивниот несебичен ангажман.

🔸️И во иднина ќе продолжиме да го освојуваме светот на уметноста преку учество на најразлични ликовни конкурси.

ООУ,, Дане Крапчев” денес!

❤Многу ЕМОЦИИ, ПРЕГРАТКИ, ЉУБОВ, РАДОСТ, СОЛЗИ И СМЕЈА ❤

Денес нашиот колектив заедно со учениците и родители беше едно големо среќно семејство. Доделувавме признанија на многу наши ученици. Доделувавме признанија на наставници – ментори. Прогласивме ученици со континуиран успех 5.00. Го избравме најдобриот меѓу најдобрите – првенецот на генерација! Испративме прекрасна генерација деветтоодделенци. Нашите највозрасни ученици со многу емоции го напуштија училиштето. Во еден глас ни порачаа дека во своите срца пакуваат многу убави спомени и доживувања и заминуваат.

❤Драги наши ученици, продолжете напред – не застанувајте! Низ животот надградувајте ги своите знања и со нив освојувајте го светот❤

Вашето Дане Крапчев чувајте го во ❤

Бронза на Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада

Во математиката по правило нештото кое се дели се намалува…. единствено споделената радост станува поголема. Затоа денес ја споделуваме радоста со Вас.

На Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада која се одржа на 09.06.2023 г. нашиот ученик Дамјан Петровиќ од VII одд. заедно со својата наставничка Лиле Сарвановска се закити со бронза🥉.

Посветената работа на наставничката и нејзината верба во можностите и талентот на Дамјан заслужија место на пиедесталот на најдобрите 😍.

Честитки Дамјан и Лиле!!! Да редите уште многу успеси!

Гордост сте на нашето училиште, а секако и инспирација за сите наставници и ученици.