Од отпад, до уметничко дело!
Ученици во тек е наградниот конкурсот „Trash for art 2022“ !!!!
Собирајте амбалажен отпад, направите уметничко дело и станете дел од иницијативата за почиста и поздрава средина на Пакомак. За делата направени само со амбалажи на Пивара Скопје и БиМилк следуваат специјални награди.
Конкурсот трае од 15.3.2022 до 17.3.2022 година. Сите скулптури ќе треба да се достават во Кинотека на Северна Македонија било кој ден од 15ти до 17ти март, со тоа што на 15ти и 16ти скулптурите ќе може да се достават од 09.00 часот до 17.00, а на 17ти март од 09.00 до 13.00 часот
Наградниот конкурс „Trash for art 2022“ е отворен за возрасни и за деца, кои ќе се натпреваруваат во три категории:градинки, основни училишта и поединци и други институции (средни училишта, факултети, невладини организации и други)
Во секоја категорија ќе бидат доделени по три награди – за прво, второ и за трето место.
Повеќе информации на www.pakomak.com.mk