Учениците: Дамјан Петровиќ и Тамара Додевска ја добија престижната награда на градот Канагава, ЈАПОНИЈА.
На ликовниот конкурс: “Биди уметник-Играј со мене” во СЛОВЕНИЈА, наградени беа:
Анастасија Ивановска, Бирсен Вели и Давид Арнаудов.
Ученикот Никола Тргачевски доби штедна книшка од НЛБ БАНКА на ликовниот конкурс за oдбележување на денот на штедењето.
Учениците Маркијан Јовчев и Каја Стојковска го промовираа фолклорот итрадицијата.
Маркијан Јовчев освои прво место, а Каја пофалница на ликовниот конкурс на “ФОЛКОНИКА”.
Во склоп на Еразмус+ проектот “Safe internet use”, учениците успешно учествуваа на креативна ликовна работилница.
Вратите на овие ликовни конкурси на наградените ученици ширум им ги отвара и долги години безрезервно ги мотивира нивниот наставник по ликовно образование М-р Марија Николоска-Наневска.
На сите ученици им честитаме за освоените награди и им благодариме за нивниот несебичен ангажман.
И во иднина ќе продолжиме да го освојуваме светот на уметноста преку учество на најразлични ликовни конкурси.