ГАЗИ БАБА – НАЈСПОРТСКА ОПШТИНА ВО ГРАДОТ

Денес со голема донација од спортска опрема и реквизити за сите основни училишта во општината.

🏀 Топки и комплети дресови за сите тимски спортови и справи за вежби за атлетски спортови. Голема благодарност од нашето училиште до градоначалникот Бобан Стефковски за грижата кон нашите ученици. . .🏐 СПОРТОТ е ОБРАЗОВАНИЕ, НАУКА И КУЛТУРА, ЕТИКА, ФИЛОЗОФИЈА НА ЖИВОТ, УМЕТНОСТ, ИГРА, ЗАБАВА И НАТПРЕВАР . ⚽️ Вложувањето во спортот е вложување во здрави генерации!

Ученичкиот парламент во посета на Собранието

НАШИОТ УЧЕНИЧКИ ПАРЛАМЕНТ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ🇲🇰 На лице место од Законодавниот дом каде се донесуваат најголемите државни одлуки.

Попатно ја посетивме Старата Скопска Чаршија и разговаравме со занаетчии кои со љубов работат занаети со долгогодишна традиција, од кои за жал некои се во изумирање.

Убава глетка!!! Пријатно чувство!!! Несекојдневно искуство и спомени низ фотографии !!!