Учениците од 4-2 одд. поттикнати од богатата историја, природни убавини и културни знаменитости на својот град Скопје за кои учат на часовите по историја и општество, изработија видео презентација со кое ги промовираат, а истовремено и ја искажуваат својата љубов кон градот во кој живеат.“ Одделенски раководител Билјана Јовчева
По повод Меѓународниот ден на мајчин јазик и Денот на лингвистичката и културна разновидност и повеќејазичност 21 февруари, Министерство за образование и наука на ученикот Христијан Гочевски Иваноски VII1 одд. му ја додели втората награда за есејот:,, Мојот јазик – мост помеѓу мене и тебе”
По спроведување на 10. Општински натпревари по природни науки и биологија кои се одржаа на 10.март 2023 г. нашите ученици го остварија следниот пласман :
Резултати за IV одделение
Ученик
МЕНТОР
Ева
Стојановска
Билјана Јовчева
Пофалница
Калина
Јовановска
Билјана Јовчева
Пофалница
Јана
Ангелова
Хирстина Петровска
II Награда
Дарин
Арсов
Катерина Димовска
II Награда
Михаела
Цветковска
Катерина Димовска
III Награда
Анастасиа
Пислевиќ
Катерина Димовска
III Награда
Резултати за V одделение
Ангелина Трпковска
I Награда
Матеј Мишевски
II Награда
Ментори Душанка Китановска И Бојана М.Личева
Резултати за VI одделение
Калина Караџоска
II Награда
Марко Крстевски
II Награда
Ведран Вељковиќ
II Награда
Ментор Душанка Китановска
Резултати VII одделение
Тара Спасиќ
I Награда
Софија Мијалковска
II Награда
Дамјан Петровиќ
II Награда
Александар Маџовски
II Награда
Ментор Душанка Китановска
Резултати VIII одделение
Теона Јовева
III Награда
Дејанчо Стојановски
III Награда
Ментор Бојана М.Личева
Резултати IX одделение
Ања Јовановска
II Награда
Јована Ивановска
II Награда
Ментор Бојана М.Личева
Наградените ученици се пласираа за учество на регионалниот натпревар.
Честитки за наградите ,Ви посакуваме успех на регионално ниво !
Денес е ПИ – ДЕН 3.14, датум кој беше одбележан на интересен начин од ученици од 7 и 9 одд. членови на Математичко – информатичката секција. Тие денес ги презентираа своите креативни видеа, компјутетски игри, квизови и презентации за истакнати математичари. На крај се анализираа и вреднуваа изработките: победи видеото на Питагора, второ место освои играта Меморија и трето место презентацијата за Гаус. Ви посакуваме Среќен ПИ ден
По повод 8 Март, Денот на жената учениците од Секцијата за мултикултуризам и интеркултурализам изработија 70 креативни честитки со посвета кои беа поделени на вработените во училиштето припаднички на понежниот пол (наставнички, технички персонал, директорот на училиштето, стручната служба и образовните асистенти). Насмевка и задоволство ги красеше нивните лица. НЕКА Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ ПРАЗНИКОТ! ЧЕСТИТ 8 МАРТ!
ДЕНЕС , нашиот УЧЕНИЧКИ ПАРЛАМЕНТ создаде нова , оригинална и несекојдневна приказна во СТАРСКИОТ ДОМ ,,РУСКИ”⚘️. Денес ја испочитувавме жената, ја испочитувавме староста и подарувавме. За возврат добивме искрени насмевки, прегратки и животно искуство. Нашата порака е ,, НЕ ЖАЛЕТЕ ШТО СТАРЕЕТЕ ТОА Е ПРИВИЛЕГИЈА КОЈА МНОГУМИНА ЈА НЕМААТ” …..И во иднина ќе продолжиме да создаваме оригинални приказни – тоа сме ние УЧИЛИШЕН ПАРЛАМЕНТ – ДАНЕ КРАПЧЕВ !!!
Повторно нашите ученици во најдобро светло го претставија училиштето на МТВ ,,Ѕвон”. Преку игри, забава, танц, драматизација, креативност ни покажаа колку посветено и одговорно ја креираат својата иднина и личност, ни покажаа како треба да се негува културното наследство, како да ги браниме своите права, но и да бидеме доследни кон одговорностите. Навистина ,,Дане Крапчев” е огледало на успесите на нашите ученици.