Активности за 8 Март

По повод 8 Март, Денот на жената учениците од Секцијата за мултикултуризам и интеркултурализам изработија 70 креативни честитки со посвета кои беа поделени на вработените во училиштето припаднички на понежниот пол (наставнички, технички персонал, директорот на училиштето, стручната служба и образовните асистенти). Насмевка и задоволство ги красеше нивните лица.
НЕКА Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ ПРАЗНИКОТ!
ЧЕСТИТ 8 МАРТ!