ХЕМИЈА – Резултати од општинскиот натпревар

Општинскиот натпревар по хемија се одржа на 25.02.2022г. На овој натпревар учествуваа ученици од осмо и деветто одделение и ги постигнаа следните резултати:

VIII одд.

Петар Ристовски VIII-3 – II награда

Михаела Димчова VIII-2 – III награда

Ања Јовановска VIII-4 – III награда

Јована Ивановска VIII-3 – Пофалница

IX одд

Алексеј Стојановиќ IX-3- II награда

Теона Димишковска IX-2 – III награда

Честитки за сите ученици, многу успех на претстојниот регионалниот натпревар.

Ментор на учениците Елена Томевска

Со здрава исхрана до подобро здравје!

 Здравата исхрана е многу значајна за сите нас , особено за децата кои се во раст и развој.

Една од нашите цели како тим на училишниот Црвен крст е да промовираме здрав начин на исхрана и да споделуваме на едукативни материјали кои ќе ги подобрат прехрамбените навики на сите нас.

Здравата исхрана се формира уште во детството.Секој  родител  го посакува најдоброто за своето дете, од образование до исхрана.Децата преземаат многу од навиките кои ги гледаат во семејството. Ако сакаме детето да јаде зеленчук и овошје  со апетит, сите членови на семејството би требало да имаат зеленчук и овошје  во чинијата.

Следните неколку принципи според нутриционистите би требало да помогнат во развивањето на добри прехрамбени навики на децата :

  • Вклучете ги во купувањето и готвењето

Уште од мали, децата мора да знаат од каде доаѓа храната и како се подготвува. Вклучете ги своите деца во сѐ што вклучува купување, чување и готвење на храната.

  • Не мора да се изеде сѐ од чинијата !
  • Слатките имаат свое место во исхраната

Секое дете сака слатки, посолена или помрсна храна или сѐ на едно место.80 % од дневната потреба мора да биде задоволена со хранливи намирници (интегрални житарици, овошје, зеленчук, млеко, месо со помала масност, риби, јаткасти плодови, семиња).

  • Распоред на оброците

Децата мора да се придржуваат до распоредот за оброци рамномерно секој ден.Во врска со исхраната на децата, препораките се: три главни оброци, од кои најмалку два се дома (појадок и вечера), плус 2-3 ужини, се идеални во текот на растењето. Зошто? Бидејќи во детството, во процесот на растење се троши многу енергија, но детскиот желудник е сѐ уште многу мал.

Во прилог ја споделуваме брошурата за здрава исхрана од Републичкиот завод за здравствена заштита –Скопје во која стручни лица даваат прецизни совети за здравата исхрана .

                                       

Брошура – Препораки за исхрана на школската популација

Со почит тимот на Црвениот крст од нашето училиште

Борба против ракот

Сите знаеме дека ракот е една од најчестите болести кај луѓето во денешно време.

 Околу 8 милиони луѓе годишно умираат од рак.

Многу луѓе сметаат дека нема потреба да се зборува за ракот. Свесни сме дека ракот може да биде тешка тема, особено во некои општества, но доколку отворено се зборува за болеста и се побара помош состојбата може да се подобри. Сите луѓе имаат право на пристап до докажан и ефективен третман и нега под еднакви услови, без страдање како последица.

Изработено од членовите тимот на Црвен крст при ООУ “Дане Крапчев”