22 Март- Светски ден на водата

Традиционално и оваа година во нашето училиште се одбележа 22 Март –Денот на водата. За да ја истакнеме важноста и грижата за овој природен ресурс нашиот екот тим изготви флаери, преку кои се надеваме дека ќе ја подигнеме свеста на повисоко ниво. Изработивме пано на тема “Вода” и во соработка со oпштината и ЈП “Водовод и канализација” – Скопје добивме промотивен материјал за заштита на подземните води, кои ги истакнавме на видно место со цел информациите да бидат достапни за сите. На часовите по природни науки и биологија учениците проследија видео материјал коj го израбтија од ЈП“Водовод” за заштита на подземните води како клучен сегмент на водениот фонд. Дискутираа за значењето на водата, изработија пораки со апел за штедење и чување на водата и направија обиколка на резервоарите за собирање на дождовница кои се поставени во нашето училиште.

Во чест на патрониот прзник на ОУРЦ „Иднина“

Во чест на патрониот прзник на ОУРЦ „Иднина“,а  земајќи ја предвид новата концепција на инклузивното образование и важноста на образовниот процес, со учениците од VII-3 одделение направивме работилница под мотото „Нашето виножито“, виножито на сличноста и виножито на различностите. Учениците работеа во групи ги издвоија своите сличности и разлики и заеднички го донесоа заклучокот дека сите сме еднакви. Исто така изработија и хамер на кој го пртставија виножитото и ја покажаа својата креативност.

       Честит празник ОУРЦ „Иднина“!

Општински натпревар по англиски јазик – резултати

На 19.03.2022 година се одржа општинскиот натпревар по Aнглиски јазик за основно образование што ја организира асоцијацијата на наставници по англиски јазик и книжевност на ЕЛТАМ во ООУ „Круме Кепески“ – Кисела Вода. На овој натпревар од нашето училиште учествуваа учениците од V, VI, VII, VIII и IX одделение.

Елена Наумова V-3 одделение I (прво) место –ментор Кочова Весна

Илина Јордановска V-1 одделение II (второ) место – ментор Кочова Весна

Софија Мијалковска VI-3 одделение II (второ) место – ментор Катерина Лукарова

Калина Шипинковска VI-3 одделение III (трето) место– ментор Катерина Лукарова

Дора Николова VII-4 одделение II (второ) место – ментор Весна Трајковска

Елена Цветковска VII-4 одделение II (второ) место – ментор Весна Трајковска

Даријан Саравинов VIII-3 одделение II (второ) место – ментор Весна Трајковска

Алексеј Стојановиќ IX-3 одделение I (прво) место – ментор Катерина Лукарова

Дона Тасева IX-3 одделение II (второ) место – ментор Катерина Лукарова

Сите ученици се пласираа на регионалниот натпревар по англиски јазик.

Им честитаме на учениците и нивните ментори.