Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје објавува ЈАВЕН ОГЛАСза вработување на определено работно време на 130 стручни соработници – приправници – образовни асистенти за ученици со попречености во основното образование
Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје објавува ЈАВЕН ОГЛАСза вработување на определено работно време на 130 стручни соработници – приправници – образовни асистенти за ученици со попречености во основното образование
И во оваа чудна година, во услови на пандемија и онлајн настава, бевме креативни, љубопитни и работевме. Учениците од седмо одделение, кои се дел од Франкофонскиот клуб, заедно со учениците од партнер училиштето „Achille Rousson“ близу Монтпелје, работеа на е-твининг проектот „Виртуелни пријатели“. Како резултат на успешно спроведените активности Националната агенција за европски образовни програми ни додели Национална етвининг ознака за квалитет.
Браво за седмоодделенците – франкофони кои работеа на овој проект: Сара Ангелова, Јована Ивановска, Теа Наунова, Стефанија Спировска, Драгана Милковска, Клара Караџоска, Луна Јакимовска, Адриана Стоилевска, Ања Јовановска, Теона Марковиќ, Бисера Стојменовиќ и Горазд Стојановски. Браво за нивната желба, посветеност, љубопитност и за храброста да комуницираат на француски јазик со французи.
Сите заинтересирани наставници ќе имаат можност да се пријават за понудените активности/мобилности. За наставниците кои ќе сакаат да се пријават како кандидати ќе мора да ги пополнат Еуропас ( Еуропас документите ќе ги најдете на следниот линк https://europass.cedefop.europa.eu/mk/documents)
Врз база на поднесените документи Тимот за проектот заедно со раководниот кадар во училиштето ќе ги избере наставниците кои најдобро ги исполнуваат наведените критериуми.
Потпишување на договор
Договори за мобилност (дефинирање на условите за мобилноста, идентификување на исходите од учење кои треба да се постигнат за време на проектот и за време на мобилноста , одредување на начинот на евалуација и начинот на документирањена стекнатите знаења и вештини ).
Потпишување на Договори со избраните наставници ( пред секоја мобилност) – подготовка на договорите (информации за очекуваните исходи кои ќе треба да се постигнат за време на мобилноста и со кои вештини ќе се стекнат наставниците за време на мобилноста, како ќе се документираат стекнатите знаења и вештини, нивните обврски по завршување на мобилноста и во текот на проектот и одржување на дисеминација на останатите наставници и ученици во училиштето)
Поддршка на избраните наставници
Обезбедување на соодветна поддршка на избраниите наставници (понуда на материјали за подготовка, кратка презентација за партнерите на проектот и целите на проектот и за земјите каде ќе се организираат мобилностите),
Обврски на наставникот
Критериуми за избор на наставници и стручни соработници
Критериуми кои ќе се користат при изборот на наставници и стручен соработник се:
Врз база на поднесените документи, кон крајот на август 2021 година, Тимот за проектите од ООУ „Дане Крапчев“ Карпош Скопје заедно со раководниот кадар во училиштето ќе ги избере наставниците кои најдобро ги исполнуваат наведените критериуми.
Избраните кандидати ќе бидат јавно известени на првиот Наставнички совет по направената селекција.