ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ НА 130 СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ – ПРИПРАВНИЦИ – ОБРАЗОВНИ АСИСТЕНТИ ЗА УЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје објавува ЈАВЕН ОГЛАСза вработување на определено работно време на 130 стручни соработници – приправници – образовни асистенти за ученици со попречености во основното образование

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на определено работно време на 130 стручни соработници – приправници – образовни асистенти за ученици со попречености во основното образование (idnina.edu.mk)

НАЦИОНАЛНА ЕТВИНИНГ ОЗНАКА ЗА КВАЛИТЕТ

И во оваа чудна година, во услови на пандемија и онлајн настава, бевме креативни, љубопитни и работевме. Учениците од седмо одделение, кои се дел од Франкофонскиот клуб, заедно со учениците од партнер училиштето „Achille Rousson“ близу Монтпелје, работеа на е-твининг проектот „Виртуелни пријатели“. Како резултат на успешно спроведените активности Националната агенција за европски образовни програми ни додели Национална етвининг ознака за квалитет.

Браво за седмоодделенците – франкофони кои работеа на овој проект: Сара Ангелова, Јована Ивановска, Теа Наунова, Стефанија Спировска, Драгана Милковска, Клара Караџоска, Луна Јакимовска, Адриана Стоилевска, Ања Јовановска, Теона Марковиќ, Бисера Стојменовиќ и Горазд Стојановски. Браво за нивната желба, посветеност, љубопитност и за храброста да комуницираат на француски јазик со французи.