Прва GLOBE on-line обука

На 22 и 23 Април се спроведува обука за имплеметација проектот “GLOBE одржлива програма” ,кој ќе биде нашиот следен предизвик.„Прва GLOBE on-line обука – Северна Македонија, Хрватска и Словенија“ се спроведува преку онлајн платформата ZOOM , а учесници од нашето училиште се наставниците по биологија Б.М.Личева и Д. Китановска .Отпочнувањето на оваа програма го подржа министерката за образование М. Царовска, Г-ѓа Кејт Брнз, амбасадор на САД во Република Северна Македонија и Министерството за животна средина, а целта е да се потикне учењето преку научно истражувачката работа во училиштата.Целта на проектот е да овозможи одржливост на Globe програмата преку нејзина практична имплементација во училиштата , со цел стекнување поголемо знаење за животната средина, како и зголемување на свеста за климатските промениПроектот е финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Северна Македонија, а реализиран од страна на Центарот за истражување и информирање за животната средина, Еко-свест од Скопје. Со едукација го прославивме роденденот на нашата планета!

Известување за запишување во прво одделение во учебната 2021/22 година

ЗАПИШУВАЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗАПОЧНУВА ОД 01.05.2021 односно од 04.05.2021 ГОД.(поради празници и неработни денови) И ТРАЕ ДО 31.05.2021 ГОД.

Родителот е должен да го запише детето кое до крајот на каледнарската година односно до 31.12.2021 год. ќе наполни 6 години. Во прво одделение може да се запише и дете кое до 31.01.2022 год. ќе наполни шест години, но по претходно барање на родителот/старателот и по дадено мислење од страна на педагогот или психологот на училиштето.

Запишувањето може да се врши со електронска пријава на услугата https://uslugi.gov.mk или со физичка пријава во рамките на училиштето секој работен ден од 08 до 16 часот. Телефон за контакт 02525292.

При запишување на детето во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, офталмолошки и стоматолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа. За добивање на потврда од стоматолог во Поликлиника Ченто, според протоколите и укажувањата од МЗ, родителите треба претходно да се јават да закажат термин на тел. 02 2522-235 локал 120 за да се избегне групирање во чекална.

Имајќи ја во предвид светската пандемија предизвикана од вирусот COVID 19, Министерство за образование и наука укажува дека

– ДОКОЛКУ ПРИ ЗАПИШУВАЊЕТО ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ РОДИТЕЛОТ НЕ ДОСТАВИ ПОТВРДА ОД ИЗВРШЕН ОФТАЛМОЛОШКИ ПРЕГЛЕД, ПОТРЕБНО Е ДА ПРИЛОЖИ УПАТ ЗА ВРШЕЊЕ ОФТАЛМОЛОШКИ ПРЕГЛЕД. Во тој случај училиштето условно ќе ги прими документите на ученикот по што родителот треба да ја донесе потврдата за извршен офталмолошки преглед веднаш по добивање добивање на истата, но не подоцна пред започнување на учебната 2021/2022 година.

– ДОКОЛКУ ПРИ ЗАПИШУВАЊЕТО ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ РОДИТЕЛОТ НЕ ДОСТАВИ ПОТВРДА ОД ИЗВРШЕН СТОМАТОЛОШКИ ПРЕГЛЕД, се дава можност истата да ја достави пред започнување на учебната 2021/2022 година.
Подетални информациите за потребни документи можете да добиете од следното видео:

22 Април-Ден на планетата Земја

   22 Април е Меѓународниот ден на планетата Земја .  Се одбележува  со цел подигање на свеста за заштита на животната средина и намалување на загадувањето.

 Денот на планетата Земја претстaвува можност секој од нас како дел од планетата да размисли за своето однесување кон  Земјата,  дали се однесуваме правилно и одговорно  и што можеме да направиме да биде почиста и поубава.

Бидејки само здрава и чиста животна средина може да ни овозможи квалитетен живот.

Неопходно  е сите ние секојдневно да се трудиме правилно да ги чуваме природните убавини во својата најблиска околина.

Преку Еко пораките потсетуваме како сите ние можеме да и помогнеме на нашата планета Земја и да допринесеме за нејзиното зачувување :

Редуцирај го отпадот кој секојдневно го фрлаш !

Реупотребувај и потикнувај секогаш кога можеш !

-Рециклирај  и подржи го рециклирањето со тоа што ќе купуваш производи со рециклирана содржина !

Штедете ја колку можете електричната енергија !

-Штедете  ја водата!

-Користете  ги велосипедите а на автомобилите !

Да ги погледнеме изработките по повод 22 Април  од вредните рачиња на вашите ученици!!!!

                                                                        Подготвил  ЕКО Тимот