Во година поинаква од сите претходни, повторно решивме да се забавуваме. Овој 1 Април, изостана традиционалната Априлијада по повод Денот на шегата која ја организиравме со дефиле под маски во нашето училиште Дане Крапчев, но настанот не го заборавивме и го одбележавме на поинаков и интересен начин.
Во услови на пандемија, организиравме награден конкурс во кој право на учество имаа сите ученици од I-IX одделение. Нашата цел беше да се креираат заштитни маски во духот на шегата. Маски кои ќе не заштитат од вирусот, но воедно и ќе не насмеат и ќе внесат малку ведрина во нашите животи во овие моменти.
Ја поттикнавме креативноста кај учениците, а пак тие ги споделија своите креативни дела со нас и со јавноста. А пак ние како училиште изработките на заштитни првоаприлски маски ги ставивме на гласање со цел избор на најубава заштитна маска.
Според критериумите на конкурсот и начинот на гласање избрани се следните маски:
– ПРВО МЕСТО – Калина Караџоска 4-1 реден број 004 со освоени 756
– ВТОРО МЕСТО – Јана Додевска 2-2, реден број 022, со освоени 634
– ТРЕТО МЕСТО – Давид Трајановски 4-1, реден број 009 со освоени 328
За изненадувањата и првите три наградени маски се погрижи фармацевтската компанија Синерџи Витамини Македонија (Synergy Vitamins Macedonia).
SynergyVitamins и во овие моменти предизвикавте радост, задоволство, борба за што поголем успех и секако измамивте искрени насмевки на детските лица.Од срце Ви благодариме SynergyVitamins
Првоаприлски маски кои ги израборија учениците од Проекти од ликовна уметност