Нашето училиште веќе неколку години активно е вклучено во Проектот за антикорупциска едукација на учениците во основните училишта „СТОП ЗА КОРУПЦИЈАТА“. Преку најразновидни активности учениците се запознаваат со поимите корупција и антикорупција, облиците во кои се појавува корупцијата, нејзиното штетно влијание во општеството и начините за спречување на корупцијата.
Активностите продолжија и оваа учебна година. Учениците од VIII-4 одделение на часовите по предметот Проекти од ликовна уметност, истражуваа за корупцијата и изработија презентација со своите ликовни творби и пораки за штетното влијание на корупцијата. Учениците и кажаа СТОП на корупцијата и покажаа дека секој може да се вклучи и да даде придонес во борбата против корупцијата.