Февруари-месец на училишни натпревари

Февруари е еден од најинтересните месеци во текот на учебната година.

Февруари е месецот кој сите ученици, сите родители и сите наставници со нетрпение го очекуваме. Фервуари е месецот кога учениците имаат шанса да го покажат воето знаење и да бидат “Најдобри меѓу најдобрите”.

Тоа е всушност добро познатото мото на нашите училишни натпревари кои традиционално секоја учебна година се одржуваат токму овој месец. Оваа учебна година ќе бидат спроведени on-line,  од нашите топли домови па упатуваме еден апел до сите ученици кои сакаат да учествуваат да бидат во контакт со своите наставници-предметни или одделенски за да ги дознаат сите потребни информации.

Веруваме дека се ќе помине во најдобар ред, а на учениците им посакуваме успех и добар резултат.

Натпреварите во предметна настава, од VI до IX одд. ќе се одржат во следниве термини:

05.02.2021, Петок-Математика

08.02.2021, Понеделник-Биологија

09.02.2021, Вторник-Природни науки

17.02.2021, Среда-Географија

18.02.2021, Четврток-Хемија

19.02.2021, Петок-Историја

22.02.2021, Понеделник-Француски јазик

23.02.2021, Вторник-Физика

24.02.2021, Среда-Информатика

25.02.2021, Четврток-Англиски јазик

26.02.2021, Петок-Македонски јазик