Традиционално, 9-та година по ред, по повод светскиот ден на штедењето НЛБ банка организираше акција – Месец на штедењто, од 25 септември до 25 октомври, преку ликовен конкурс за деца на возраст од 5 до 15 години. Ликовниот конкурс беше од хуманитеран карактер – Банката за секој пристигнат цртеж донираше парични средства на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје.
Овогодинешната тема на ликовниот конкурс беше ,,Штедење и истражување на убавините на нашата земја“ при што децата освен што цртаа, истражуваа и ги споделуваа своите искуства, доживувања и впечатоци од убавините и културните обележја на нашата земја.
Во акцијата учество земаа и учениците од нашето училиште при што добија и пригодни подароци. Цртежите ги испраќаа на веб страната на НЛБ банка.
Сите собрани цртежи беа изложени на веб страната на НЛБ банка и за нив се гласаше од страна на пошироката јавност, a истите беа разгледувани од комисија составена од ренoмираните македонски уметници при што беа одбрани и наградени 30 најдобри цртежи.Креаторите на најдобрите цртежи од изложбата беа наградени со штедни книшки од НЛБ банка.
Меѓу наградените се и две ученички од прво одделение од ООУ „Дане Крапчев“ – Бисера Митровска од I-3 и Илина Несторовска од I-2. Нивните цртежи во прилог.