Во текот на месец Ноември првачињата од нашето училиште во соработка со Нула Отпад се едуцираа на тема “Селекција и правилен третман на отпадните батерии и електричниот и електронскиот отпад”.
Нула отпад во нашето училиште доставија дигиталната сликовница адаптирана на развојно ниво на дечињата од 1-4 одделение, игра на меморија, еко рамка за фотографирање и 100 индивидуални садови за батерии наменети за првачињата.
Преку дигиталната сликовница учениците се запознаа со важноста на правилен третман и селекција на отпадните батерии и нивното штетно влијание. Секој ученик доби сад за батерии кој ќе го однесе во својот дом и во кој ќе ги собира искористените и стари батерии.Откако ќе го наполни садот со батерии има обврска да го донесе во училиште и да ги префрли батериите во големиот сад за батерии кој се наоѓа во училиштето.