Регионален натпревар по математика

На 4 јули, сабота, се одржа овогодинешниот регионален натпревар по математика. Големо браво за нашите натпреварувачи кои го прифатија предизвикот да учествуваат на првиот електронски натпревар и тоа за време на летен распуст 😊
Честитки 👏 за освоените награди, нека бидат мотивација за следни успеси!
4одд.- трета награда
Христијан Гочевски Иваноски (ментор Билјана Трајановска)
Дамјан Петровиќ (ментор Вилдана Суљовиќ)
Александар Маџовски (ментор Даниела Салтирова)
6 одд. ментор Билјана Стојановска
втора награда – Никола Милоскоски
трета награда – Јана Саздовска и Михаела Димчова
7 одд. ментор Лиле Сарваноска
втора награда – Алексеј Стојановиќ
8 одд. ментор Лиле Сарваноска
втора награда – Јана Благојевиќ
трета награда – Анастасија Тодевска

Информација од библиотека

Почитувани ученици,

до почетокот на нормално функционирање на училишната библиотека, дел од лектирните изданија и друга литература може да прочитате или да слушате на некој од поставените линкови.

http://www.makedonika.mk/Knigoteka.aspx

http://nssrm.org.mk/category/audio-knigi/?fbclid=IwAR0T97YGYsFXgOEaishYgq5NrT_kotiHk3O7idoTeoHWckrD4v9COCSZFlA

https://www.samoglas.mk/?fbclid=IwAR2I6V4OiMP4SJsKmwYWyQNC-stQxAozryoJuQRUxE5o8rLrNvhMGT5aPkI

Слушни книга

Пријатен распуст ви посакува

библиотекар Ж.Атанасовска

,, Дете кое чита ќе израсне во човек кој размислува”

Детски лирски треперења 2020

ЧЕСТИТКИ!!!

Творбата на ученикот Горазд Стојановски од 6-4 одд. под менторство на наставничката Јагода Филиповска е избрана меѓу наградените творби кои ќе бидат учесници на 41. Фестивал за детско поетско творештво „Детски лирски треперења“ кој се одржува од 1969 година во Детското одморалиште РАДОСТИ – Охрид.

Учесниците со одбраните трудови ќе учествуваат три дена на завршната манифестација која што ќе се одржува Детското одморалиште РАДОСТИ – ОХРИД. За датумот на одржување учесниците ќе бидат дополнително информирани. Сојузот
очекува дека состојбите со пандемијата ќе бидат значително подобрени во периодот што следува, па ќе бидат сосздадени услови за безбедно одржување на фестивалот, за што ќе бидат
известени и учесниците и сите заинтересирани страни.


За Фестивалот ќе биде издаден и зборник на песни Крајезерски бранувања-41 Детски лирски треперења во кој ќе бидат застапени наградените песни, наградените творби.

Во прилог е целосното известување

,,И јас имам глас ” ООУ ,,Дане Крапчев”

Свесни сме дека за да има хармоничен развој на личноста на секое дете, треба да создадеме услови тоа да расте во здрава средина, во пријатна атмосфера исполнета со среќа, љубов и разбирање. Токму тоа нѐ задолжува децата да ги третираме како рамноправни на нас возрасните, како активни субјекти и носители на права и обврски. Кон нив треба да се однесуваме со должно внимание, ним треба да им овозможиме образование, со цел натамошен просперитет на човештвото.Треба свесно да сфатиме дека она што ќе се случува со општеството во иднина, во голема мера зависи од мудроста која ја пренесуваме на нашите деца.Упорноста, посветеноста, желбата и љубовта се основен двигател за успехот на нашите ученици. Еве и денес горди сме токму на нив, она што тие го создадоа, а се однедува подеднакво на сите е тоа кон што ние неуморно целиме преку учеството во проектот,, и јас имам глас” во соработка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи ,, Чекор по чекор”. Голема благодарност до Дени кој трпеливо, онака како што навистина прилега на работата со деца, придонесе нашите ученици да создадат продукт кој искрено извира од нивните детски срца!

Уживајте во она што учениците на ,,Дане Крапчев” ви го подготвија!