Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија

Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија

Од 26-тата седница на Владата:

Владата на Република Северна Македонија на својата 26 седница одржана на 23 март 2020 година, ги усвои записниците од седмиот и осмиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржани на 22 март и на 23 март 2020 година.
На оваа седница е донесена и Уредба со законска сила за примена на Законот за основното образование за реализација и организација на наставата во основните училишта и за оценувањето на учениците за времетраење на вонредната состојба.

Според одредбите од оваа уредба со законска сила наставата во основните училишта се организира преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација.
Средства за електронска комуникација, во смисла на оваа Уредба се средства кои обезбедуваат реализација на наставата без заедничко физичко присуство на учесниците во наставниот процес и кои овозможуваат взаемна двонасочна комуникација.

Средства за електронска комуникација можат да бидат видео-конференциски платформи, електронска пошта или други системи за електронска размена на податоци.

За употреба на видот на средствата за електронска комуникација од став 2 на овој член одлука донесува основното училиште.

За периодот на организирање на наставата во основните училишта преку далечинско учење односно учење од дома, наставникот може да изврши оценување на учениците.

Со примена на средствата за електронска комуникација може да се спроведат испрашувања, тестирања на учениците или да се користат други форми на утврдување и оценување на знаењето на ученикот. https://vlada.mk/node/20679?fbclid=IwAR1eSMpjfAkwsJbSsvkrf7g2iBx0UrvKh7Hohtzl4i9Th164HuIFsVxgcK8

Хипо 2020, Осма Меѓународна Олимпијада по Англиски јазик, Англиски Без Граници

Почнувајќи од 2013 година Асоцијацијата Глобал Хипо секоја година организира натпревар по Англиски јазик за учениците од сите држави во светот со цел да се поттикне натпреварувачкиот дух кај учениците што го изучуваат Англискиот јазик. Оваа година натпреварот се одржа по осми пат и беше спроведен во нашето училиште за нашите ученици.
Учествуваа ученици од 6,7,8 и 9 одделение. Учениците беа поделени во 3 категории:
Хипо 1 за учениците од 6 одделение-седум ученика, Хипо 2 за учениците од 7 и 8 одделение-12 ученика и Хипо 3 за учениците од 9 одделение-3 ученика. Секоја категорија има посебен тест. Секој ученик доби сетификат за учество.
Од тие ученици двајца продолжуваат во следниот круг на натпреварување т.е. во полуфинале. Тоа се учениците: Матеј Спасовски 7-2 и Алексеј Стојановиќ 7-3. Им честитаме на нив како и на сите ученици што учествуваа во натпреварот. Сите тие имаа
навистина добри резултати и се гордееме со нив.
Во иднина се надеваме дека бројот на учесниците ќе биде уште поголем.

Издавање потврди

Почитувани родители, доколку се уште имате потреба од потврда за редовен ученик, истата може да ја добиете и следната седмица од понеделник 16.03.2020 год., од 08 до 12 часот, кога е планиран ротационен распоред на вработените. Барањето може да го превземете Т У К А. Истото, пополнето прикачете го во електронска порака (mail) и пратете го на службениот mail – oudanekrapcev@yahoo.com. Потврдата ќе Ви ја испратиме скенирана електронски со цел да се намали физичкиот контакт. Доколку имате потреба од потврда во оригинал истата ќе може да ја подигнете на шалтерот кај дежурни ученици каде што има и формулари за барање за издавање потврди. За дополнителни информации и измени во протоколот навремено ќе бидете информирани. Со почит!

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ !!!

Почитувани родители ,
Поради новите насоки добиени од Извадок од Нацрт -Записникот од 16 та седница од Владата и општина Гази Баба, а во врска со издавање потврди на родители кои се ослободени од работа заради згрижување на дете до 10 годишна возраст Ве известуваме дека утре (петок, 13. 03.2020) од 8 до 16 часот може да дојдете во Управата на ООУ„Дане Крапчев“ Скопје – административна служба да ги подигнете истите.
Од ваша страна потребно е ДЕНЕС да ни пишете на маил на oudanekrapcev@yahoo.com име и презиме на родителот за кој се однесува потврдата ,име и презиме на детето – одделение, одделенски раководител. Со вас треба да носите писмено Барање за потреба од издавање потврда напишано од Ваша страна на лист А4 формат со истите податоци од маилот .
Со почит
ООУ„Дане Крапчев“ -Скопје

УЧИЛИШНА КВИЗОТЕКА

На 5 март нашето училиште учествуваше во УЧИЛИШНА КВИЗОТЕКА – натпревар по знаења од  општа култура, јазик и литература, историја, уметност, природни науки и спорт. Натпреварот се одржа во Детскиот културен центар „Карпош“  со екипа од ученици од 9 одделение: Тијана Антовска, Методија Тасевски и Јане Ѓоргиевски. Атмосферата ја развеселија и разубавија со настап ученички од шесто одделение со изведба на ритмичка точка. Тие беа и поддршка во публика  кои не беа изоставени од жирито и вешто одговараа на загатки и гатанки.

И ДА, со освоено прво место, нашите натпреварувачи влегуваат во нареден круг. Да им посакаме среќа и успех!

Одговорни наставници

Бранко Атанасоски

Билјана Стојановска

ДОНАЦИЈА ЗА УСПЕШНО ПРОМОВИРАЊЕ ГРАЃАНСКИ ВРЕДНОСТИ И ПОТТИКНУВАЊЕ НА ДЕМОКРАТСКА КЛИМА ВО УЧИЛИШТЕТО

Како потврда за  досегашните заложби за промовирање граѓански вредности ,  поттикнување демократска клима во училиштето и зголемување на   активната улога на учениците во  училишниот живот  и заедницата, нашето училиште доби донација во техничка опрема и материјали .

  Донацијата е овозможена преку Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) , финансиран од УСАИД , а имплементиран од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование.

  Техничката опрема (преносниот компјутер и ЛЦД проекторот) ќе бидат користени во наставата по Граѓанско образование и во сите  други активности кои поттикнуваат развивање на граѓански компетенции, ги поттикнуваат учениците за превземање иницијативи и  го промовираат  ученичкото учество во училиштето.

   Материјалите ( бележници и постери за планирање на ученички иницијативи) ќе помогнат во  постигнувањето на наставните цели и унапредувањето на наставата.

    Добиената донација поттикнува на уште поголем ангажман и активно работење на сите субјекти за зајакнување на демократската клима во училиштето.

Општински натпревар по хемија во 2019/2020 год

Општинскиот  натпревар по хемија се одржа  на 22-02-2020 г. Во ООУ ,,Кирил и Методиј“ .На  овој натпревар учествуваа ученици од осмо и деветто одделение  и ги постигнаа следните резултати:

VIII одд.

Јана Благоевиќ  VIII-1 – III награда

Христина Јовановска VIII-2  – III награда

Ема Димитровска VIII-1 – III награда

Борјан Давковски VIII-4 – сертификат за учество

IX одд

Павел Наневски IX-3 – II награда

Методија Тасевски IX-4 – III награда

Јане Ѓорѓиевски IX-4 – III награда

                                                      Ментор на учениците – Елена Томевска