Посета на Народна банка

                   На ден 22.11. 2019г. ученици од нашето училиште заедно со предметните наставници и директорката ја посетија Народната банка на Република Северна Македонија со цел учениците да се запознаат со Народната банка како институција.

Учениците проследија презентација преку која на интересен начин се запознаа со работата на банката, економските поими, штедењето, финансиските производи, како и заштитата на корисниците на финансиските услуги. Исто така учениците имаа можност да го посетат Музејот на Народната банка  каде што преку постојаната музејска поставка се запознаа со развојот на монетарните системи и нивните стандарди во општествата што оставиле свој белег во историјата на државата. Ја разгледаа  Нумизматичка збирка од појавата на пајонските монети па се до збирката на современи монети.

 На крајот на учениците им беа поделени едукативени материјали – брошури  во кои на интересен начин се објаснети и претставите на македонските банкноти инспирирани од културното наследство