Огласи за стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти

О Г Л А С

За доделување 11(единаесет) стипендии на талентирани ученици

од општинските основни училишта на Општина Гази Баба за учебната 2018/19

 

  1. Услови за доделување стипендии

Право на доделување на стипендија имаат државјани на РМ, кои имаат статус на редовен ученик со следниве услови:

  1. да има постојано место на живеење на територијата на Општина Гази Баба, да не прима кредит, стипендија од друг давател,
  • да е ученик во основно училиште на територијата од Општина Гази Баба
  • листата на приоритет за кандидатите кои исполнуваат услови, ќе ги утврди комисија за одбирање на стипендисти формирана од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба.
  1. Потребни документи

Со пријавата за стипендија учениците се должни да ги приложат следните документи:

  • заверена копија од местото на живеење(лична карта)
  • уверение дека ученикот по прв пат го запишува училиштето во таа учебна година како редовен ученик (оригинал или копија)
  • заверена копија од ученичка книшка,сведителства за учебната 2017/18 год.
  • заверена изјава дека кандидатот не прима стипендија или кредит од друг давач, и број на членови во семејството(изјава од родител заверна на нотар)
  • да учествувал и да покажал особен успех и интерес на разни манифестации, проекти и други настани од областа на науката , техниката, културата и уметноста (признаени од МОН) за учебната 2017/18 год.

За сите полнолетни членови на семејството да се достави следното:

  • за вработените потврда за приходи(потврда за висината на последната плата, за пензионерите последен чек од пензија)
  • за невработените, потврда за невработеност(потврда од Агенција за вработување)
  • за невработените кои ги нема во евиденцијата на агенцијата за вработување, потврда на фондот за ПИОМ дека не е осигуран по ниеден основ.
  • право на стипендија можат да остварат само по еден член од семејство (ученик)

во случај на ист број на бодови предност ќе има ученикот кој имал освоено повеќе бодови од успехот (просек на оцените)

III. Височина на стипендијата

  1. Височината на стипендијата е 1800.00 ден. месечно со пресметан персонален данок, се исплаќа во текот на месецот за претходниот месец почнувајќи од 01.11.2018 год. заклучно со 01.07.2019 год.
  2. Доколку ученикот добие право на стипендија по овој конкурс не може да добие стипендија од други конкурси.
  3. По доделувањето на стипендијата се склучува договор за стипендирање, со кој по блиску се утврдуваат правата и обврските на корисникот и давателот на стипендијата.
  4. Начин и рок на пријавување

Конкурсот трае 10 дена од денот на огласувањето.

Пријавите се поднесуваат во затворен плик со назнака “Пријава на конкурс за стипендија”, “Не отворај” во архивата на општина Гази Баба.

Непотполни и неблаговремени пријави нема да се земаат во обзир.

 

Градоначалник на Општина Гази Баба

 

О Г Л А С
За доделување 11(единаесет) стипендии на ученици спортисти
од општинските основни училишта на општина Гази Баба за учебната 2018/19
I. Услови за доделување стипендии
Право на доделување на стипендија имаат државјанин на РМ ,кои имаат статус на редовен ученик
со следниве услови:
да има постојано место на живеење на територијата на општина Гази Баба, да не прима
кредит ,стипендија од друг давател,
да е ученик во основно училиште на територијата од општина Гази Баба
листата на приоритет за кандидатите кои исполнуваат услови , ке ги утврди комисија за
одбирање на стипендисти формирана од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба
II. Потребни документи
Со пријавата за стипендија учениците се должни да ги приложат следните документи:
• заверена копија од местото на живеење(копија од ЛК од родител)
• уверение дека ученикот по прв пат го запишува училиштето во таа учебна година како редовен
ученик(оригинал или копија)
• заверена копија од ученичка книшка,сведителства за учебната 2017/18 год.
• заверена изјава дека кандидатот не прима стипендија или кредит од друг давач, и број на членови
во семејството(изјава од родител заверна на нотар)
• да учествувал и да покажал особен успех и интерес на разни манифестации, проекти и други
настани од областа на спортот за учебната 2017/18 год.
• дипломи освоени од натпреварите , оригинал(по завршувањето на огласот ги враќаме) или
заверена копија, да се регистрирани во националните спортски федерации
За сите полнолетни членови на семејството да се достави следното:
за вработените потврда за приходи(потврда за висината на последната плата ,за
пензионерите последен чекод пензија)
за невработените ,потврда за невработенест(потврда од завод за вработување)
за невработените кои ги нема во евиденцијата на Заводот за вработување потврда на
фондот за ПИОМ дека не е осигуран по ниеден основ.
право на стипендија можат да остварат само по еден член од семејство(ученик)
во случај на ист број на бодови предност ке има ученикот кој имал освоено повеке бодови
од успехот (просек на оцените)
III. Височина на стипендијата
1. Височината на стипендијата е 1800.00 ден. месечно со пресметан персонален данок ,се
исплаќа во текот на месецот за предходниот месец почнувајки од 01.11.2018 год.па до
01.07.2019 год.
2. Доколку ученикот добие право на стипендија по овој конкурс не може да добие стипендија
од други конкурси.
3. По доделувањето на стипендијата се склучува договорза стипендирање,со кој по блиску се
утрдуваат правата и обрските на корисникот и давателот на стипендијата.
IV. Начин и рок на пријавување
Конкурсот трае 10 дена од денот на огласувањето.
Пријавите се поднесуваат во затворен плик со назнака “Пријава на конкурс за стипендија”, “Не
отворај”во архивата на општина Гази Баба.
Непотполни и неблаговремени пријави нема да се земаат во обзир.
Градоначалник на Општина Гази Баба

 

Европски ден на јазиците

На ден 26 Септември Европскиот ден на јазиците беше одбележан со читање реферат за овој значаен ден и паноа изработени од нашите ученици со важните особености од различни земји изложени во холот на нашето училиште.
На ден 28.09.2018год. во ООУ Димитар Миладинов се одбележа Европскиот ден на јазицитесо приредба, во соработка со 5 основни училишта од Скопје: ООУ Димитар Миладинов- домаќин на настанот, ООУ “Дане Крапчев “ , ООУ “Кемал Ататурк”, ООУ” Лазо Ангеловски”, ООУ “Живко Брајковски” и ООУ “Браќа Миладиновци” Училиштата подготвија штандови на 10-тина европски земји, на кои беше
презентирана нивната култура, знаменитостите како и традиционалните јадења од таа земја.
Основните училишта подготвија штандови на : Македонија, Франција, Англија, Турција, Ирска, Шпанија и Србија. Нашето училиште се претстави со македонски и шпански штанд. Приредбата со  5 точки презентирани од 5-те основни училишта започна во 12часот. Секое училиште претстави на свој
начин точка зборувана на повеќе европски јазици. Нашите ученици од 8-мо одд. се претставија со точка на меѓусебно запознавање на група извидници на повеќе јазици (македонски, англиски, француски, албански, ромски, хрватски и италијански). Учениците од 4-то одд. имаа кратка драматизација  за професии и стихотворба за поздравување на англиски јазик. На приредбата присуствуваа многу важни гости: Директорот на бирото за Франкофонија на југоисточна Европа Г-дин Моџамед Кетата, потпретседателката на Здружение на професори по француски јазик : Снеже Петров, директорката на катедра на француски јазик при Филолошки факултет: Ирина Бабамова, одговорната за универзитетско
образование при француски институт: Сузана Пешиќ, Француската оперска пеачка: Елена Голомеова, повеќе директори на основните училишта, раководителот на сектор образование при општина Центар – Јагода Јанковска и раководителката од одделението за образование на општина Бутел.  По
завршување на приредбата гостите ги погледнаа штандовите и ја доживеа европската култура и традиција.
download (1)