Втор меѓународен фестивал на духовни и хумани вредности „Богородичен Покров“

Во рамките на Вториот меѓународен фестивал на духовни и хумани вредности „Богородичен Покров“ кој се одржа во Скопје во периодот од 15-19 октомври 2017 год. под мотото „Горе да ги издигнеме срцата“, учениците од  шестто до деветто од-деление при ООУ. „Дане Крапчев“, предводени од Роза Јаневска – наставник по Историја, Елена Тасевска – библиотекар и Даниела Ристеска – наставник по Етика во религии,  заедно со ученици и од други основни училишта го посетија овој фестивал на 19 октомври на неговото затворање насловено како „Детска Духовна Академија“.

Според програмата на фестивалот се одржа духовна трибина, поточно разговор со наставникот по етика во религии Драги Анастасовски, со кој разговараа на тема: Што е грев и како да се справиме со него? Учениците беа воведени во разговор со наставникот, дебатираа и одговараа на прашања.

Потоа, го проследија филмот „Манжетни“ и после истиот продолжија со уште една кратка дебата.

На крај, ги проследија настапите на двата хора и беа поздравени од претседателот на фестивалот Проф. Д-р Јован Таковски, директорката на фестивалот Зорица Костовска и од гостите од Република Српска и Романија.

Даниела Ристеска – наставник по Етика во религии