ВЕРА , ЉУБОВ И НАДЕЖ
На 29.09.2017 г. учениците од II одделение симболично го одбележаа Денот на љубовта – празникот посветен на великомаченичката Софија и нејзините ќерки Љубов, Вера и Надеж (30 септември). Дарувајќи мали, прекрасно спакувани колачиња, зачинети со искрена детска насмевка и топла прегратка, подарија многу љубов и пренесоа силни пораки до сите вработени и ученици во нашето училиште. Не потсетија на трите најважни пориви кои ги држат луѓето исправени и во најтешките моменти во животот. Не потсетија дека:
ВЕРБАТА ги прави сите нешта возможни,
ЉУБОВТА ги прави сите нешта лесни,
НАДЕЖТА ги прави сите нешта достижни.
Честит празник и имајте секогаш вера, љубов и надеж во животот!
Актив на II одделение