20 НОЕМВРИ – ГО СЛАВИМЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО! ЈА СЛАВИМЕ ИДНИНАТА!
Денес учениците од Ученичкиот парламент спроведоа активност
Со оваа активност подарувавме, преку пораки потсетувавме за правата на децата, ставивме насмевки на лицата на нашите првачиња и создадовме среќни моменти за нив.
За ,, Денот на детето” ученикот правобранител и неговите заменици изработија пано за детските права.
На големиот одмор во училишниот хол ја промовираа улогата на Ученикот правобранител во заштитата на детските права , повикаа на нивно почитување и им посочија на учениците како да реагираат во ситуации на прекршување на детските права.
ДРАГИ НАШИ ДЕЦА-ДЕНЕС И СЕКОГАШ БИДЕТЕ СРЕЌНИ
ДУРИ И БЕЗ ПРИЧИНА!
ВИЕ СТЕ ИДНИНАТА НА СВЕТОТ!