ОТВОРЕН ГРАЃАНСКИ ДЕН ВО ООУ ,,ДАНЕ КРАПЧЕВ “
Денес, ние учениците, наставниците и директорот на ООУ,,Дане Крапчев” бевме домаќини на отворен ден на граѓанско образование, под мотото ,,НИЕ ДЕЦАТА МОЖЕМЕ МНОГУ” !
Со големо задоволство, сите ние –големи и мали пречекавме многу гости. Горди сме што пред многу возрасни, градоначалникот, претставници од БРО, директорот ,наставниците, родителите зборувавме за граѓански вредности.
Пред сите нив ,го претставивме нашиот Училишен парламент – на кој сме особено горди .
Ги презентиравме сите наши иницијативи кои се реализирани и оние за кои бараме помош и очекуваме да се реализираат.
Се покажавме како одлични млади оратори. Деца сме но ги знаеме аномалиите на денешното општество
Му кажавме СТОП на насилството.
Кажавме НЕ на дискриминацијата !
Кажавме ДА на детските права.
Кажавме ДА на меѓуетничката интеграција во училиштата.
Горди сме на различностите во нашето училиште. Токму затоа денес зборувавме и пеевме на многу јазици .Горди сме на граѓанските вредности на кои не учат содржините од предметот граѓанско образование.
Горди сме што сите го слушнаа нашиот глас .
Деца сме, но верувајте ги знаеме граѓанските вредности .
Гласно ќе кажеме- ние децата на ООУ Дане Крапчев , денес се надминавме себе си , ги воодушевивме возрасните и им дадовме надеж да веруваат во нас –ние сме идните граѓани-водачи на оваа земја .
Сите ние, учениците и возрасните во училиштето -препознатливи сме по тоа што секогаш целиме високо напред.
ДЕНЕС И ВОЗРАСНИТЕ ПРИЗНАА-НИЕ ДЕЦАТА МОЖЕМЕ МНОГУ !