Едукативна работилница за хигиена на рацете и бон-тон при кашлање и кивање

На 30.04.2018 година (понеделник) во нашето училиште ООУ,,Дане Крпчев,, беше одржана ,,Едукативна работилница за хигиена на рацете и бон-тон при кашлање и кивање,, за учениците од I и IV одделение од страна на Клиничката болница Аџибадем Систина.

Целта на оваа работилница беше преку практични вежби децата да се научат на правилна хигиена на рацете во точно време и на правилен начин. Преку брошури и краток танц беа претставени техниките за хигиена на рацете, а беше прикажана и кратка видео презентација со цртан филм со цел да се објасни ширењето на инфекциите и потребата за хигиена на рацете и бон-тонот при кашлање и кивање.

По работилницата, на децата  им беа поделени дипломи за успешно завршен курс по Хигиена на рацете и бон-тон при кашлање и кивање, свежо овошје и вода.

Даниела Торковска