Европскиот ден на јазиците
На 25.09.2017год. во ООУ,, Димитар Миладинов,, се одбележа Европскиот ден на јазиците, во соработка со 7 основни училишта од Скопје меѓу кои активно беше вклучено и нашето училиште ,,Дане Крапчев,,. Училиштата подготвија штандови на десетина европски земји, на кои беше презентирана културата, знаменитостите како и традиционалните јадења од тие земји.
На 26 септември 2017, во Рамстор се одржа прослава во организација на Францускиот Институт од Скопје и Делегацијата на Европската Унија,.
Неколку македонски и европски институции зедоа учество преку штандовска промоција на нивните книжевни фондови.
Исто така, беа организирани забавно-едукативни работилници за најмладите од страна на Францускиот институт во Скопје, Гете-институтот и центарот Данте Алигиери.
Овој настан го посетија и учениците од ООУ ,,Дане Крапчев,, кои зедоа активно учество на овие работилници.
Европскиот ден на јазиците беше одбележан и во нашето училиште каде на 29 септември 2017 година беше организирана приредба во која имаа учество ученици од шесто до девето одделение и кои пред своите соученици и вработените во училиштето настапија со повеќе точки на различни јазици.
Одбележувањето на овој ден е на иницијатива на Европскиот совет и претставува одлична прилика за подигнување на свеста на популацијата за значењето на изучувањето на јазиците и за промоцијата на културното богатство на Европа.