Оваа седмица на инцијатива од нашиот Еко-тим во соработка со Јавното Комунално Претпријатие „ Гази Баба 2007” се спроведе голема Еко-акција. Акцијата опфати расчистување на отпадот расфрлен во задниот дел на училишниот двор од страна на несовесни граѓани.
Со помош на механизација на ЈКП „Гази Баба 2007“ се расчисти оргомна количина на отпад на кој местото не му е во нашиот училишен двор.
Сакаме да апелираме до сите граѓани кои гравитираат низ нашиот двор дека тој е место за рекреација и дружење на нашите ученици , а не депонија !!! Несоодветно одложениот отпад е опасен за здравјето на сите нас!
Во иднина се надеваме дека нема да има потреба од ваков тип на акции , а вооедно сакаме да искажеме јавна благодарност за помошта од ЈКП “Гази Баба 2007”.
И за крај една убава вест – Пред училишниот влез засадени се четири зимзелени садници од видот Туја-смарагд кои ќе придонесат за разубавување на амбиентот.
Грижата и негата за садниците е заедничка одговорност!
ЕКО – тим