На 05 и 06.06.2018 во училишниот хол пред кабинетот по биологија беше поставена изложбата на дел од изработките од учениците од V до IX одделение по предметите Природни науки и Биологија. Изложбата имаа можност да ја посетат учениците од нашето училиште и нивните родители.
Предметни наставници: Душанка Китановска и Бојана М. Личева
На 16.03.2017 (четврток) , нашето училиште ООУ “Дане Крапчев” – беше посетено од експерти од Cambridge (Алисија и Ален) , и советници од биро за образование. Дел од нив присуствуваа на час во V- 1 одделение , кај одделенскиот раководител Даниела Торковска. Истите присуствуваа на час по математика , наставната содржина беше „Собирање и одземање на повеќецифрени броеви“ – вежби. Учениците работеа во парови , во групи и самостојно на дадените активности. Тие во рамките на групата со помош на картички формираа броеви , кои потоа ги собираа или одземаа , a за истите во Т- табела правеа проценка на резултатот , а потоа го пресметуваа точниот резултат. Во парови составуваа задачи со собирање и одземање со помош на броевите дадени во магичен квадрат , ги проверуваа и споредуваа свoите решенија. Работеа и самостојно на наставен лист по нивоа , каде што по завршувањето на времето предвидено за работа , вршеа проверка на точноста на решенијата со помош на модел на точни решенија , и на крајот се самооценуваа , според направена табела. Учениците требаше и усно да образложат како дошле до одредени решенија на проблемските задачи , на кој начин постапувале. Целите на часот беа постигнати , активностите кои беа предвидени беа успешно реализирани , а доказ за тоа се резултатите кои учениците ги покажаа за време на часот. За текот на часот , активностите предвидени за учениците , употребата на техники и манипулативи , инструкциите давани од страна на наставникот и работната атмосфера, беа искажани само пофални зборови за наставничката Даниела Торковска и нејзиното V- 1 одд. од страна на експертите од Кембриџ и советничката од бирото за образвование.