Во ноември 2014 година Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“- Македонија потпиша меморандум за разбирање и соработка со Министерството за образование и наука за реализирање на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“. Главна цел на проектот е подобрување на наставата и постигнувањата на математичката и јазичната писменост кај децата од одделенска настава како и зголемување на свесноста за важноста на јазичната и математичката писменост кај децата.
Како дел од проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ од страна на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, во рамки на Компонентата за професионален развој, се организира целодневна обука за креирање средина за учење на тема: „Нашата училница – нашиот свет“. Oваа обука се одржa во просториите на нашето училиште на 12.11.2016. Обуката започна во 09 часот со времетраење до 16:15. Обуката ја реализираа обучувачите: Симона Палчевска и Лулзим Адеми.
На оваа обука учествуваа 6 претставници од нашето училиште: Атанасовска Жаклина, Данче Костовска – Јакимовска, Наталија Николовска, Елизабета Георгиевска, Тања Метикош и Даниела Торковска. За прв пат на една ваква обука учествуваа и 5 родители и 5 ученика исто така од нашето училиште.
Целта на обуката е учесниците да се запознаат со креативни активности и техники за креирање на стимулативна средина за учениците и стекнатото знаење да го споделат со останатите наставници во училиштето. За време на обуката една од училниците во нашето училиште беше преуредена од страна на обучувачите и учесниците на обуката.