8-ми ОКТОМВРИ – ,,Меѓународен ден за намалување на уништувањето на природата
Учениците од V-3 одд.со нивната наставничка Анета Менчова ги поканија останатите паралелки од петто одделение на час на кој преку презентација се дискутираше:
– во каква животна средина живеме;
– од кого зависи во каква средина ќе живееме;
-каква судбина ќе има планетата Земја доколку продолжиме со загадување;
Учениците се сложија:
– одржувањето на чиста и здрава животна средина е сечија одговорност.
– од нас, луѓето, зависи судбината на планетата Земја, нашиот единствен дом.
Нашите шесто одделенци љубопитно истражуваа за бројните системи во минатото.
Изработија презентации и хамери на кои ги претставија египетските хиероглифи, римските цифри, денешниот декаден систем, (арапски броен систем) и бинарниот систем составен од 0 и 1.
Доколку сакате да дознаете како се пишува вашето име во бинарен код, тогаш треба да ги прашате членовите од математичко – информатичката секција
На 01.10.2024 година, под водство на Весна Димитровска, беше одржана обука за едукатори во рамките на ISEC – ADE програмата! Оваа возбудлива обука е дел од иновативната иницијатива за дигитално образование насочено кон поддршка на ученици со состојби од аутистичен спектар (САС) и интелектуална попреченост (ИП).
Преку овој тренинг, наставниците и стручните соработници добија можност да ги унапредат своите вештини за создавање пристапни средини за учење. #TeachSpace и #TeachHub веб апликациите овозможуваат креирање на инклузивна и интерактивна средина, со посебен акцент на потребите на учениците со САС и ИП.
Благодарност до сите учесници кои активно се вклучија и ја направија оваа обука успешна! Ве охрабруваме да продолжите да го користите знаењето и алатките стекнати на овој тренинг за подобрување на дигиталното учење и поддршка на сите ученици!
Јазикот има моќ да обединува и да создава чувство на единство меѓу луѓето!
Денешниот ден, 26 Септември, посветен на одбележување на Европскиот ден на јазиците. Нашите ученици од предметна настава заедно со своите наставници по Македонски, Англиски и Француски јазик учествуваа во креативна работилница и со различни активности упатија порака до сите ученици дека учењето различни јазици ги отвора вратите кон нови култури, традиции и градење пријателства надвор од сопствената земја.
Во чест на ,,Светскиот ден за заштита на озонската обвивка”, ЕКО тимот споделува едукативна презентација за значењето на озонската обвивка за животот на нашата планета.
Презентацијата може да ја погледнете на следниот ЛИНК