BARCODE – Реализирана Петтата и последна мобилност во Турција
Од 10 до 14 април 2023 година се реализираше последната мобилност во рамките на Еразмус плус проектот BARCODE на која учествуваа наставниците Анета Митевска, Марина Пејковска, Билјана Стојановска и Весна Кочова.
Активности реализирани на проектот:
Наставниците од Литванија, Португалија, Македонија и Србија најпрво бевме пречекани од учениците и вработените со културно – уметничка програма, а потоа се запознавме со животот и работата на училиштето во Денизли.
Потоа во текот на мобилноста се реализираа следните активности:
- Учениците ни презентираа игри кои ги креирале самостојно, користејќи го mBlockv.5.4.0 софтверот. Подоцна софтверот беше проверен од партнерите каде изработивме кодирачки игри. Направивме Ардуино вежба и подоцна наставниците од Турција организираа STEAM предавање користејќи интерактивни игри за да го научиме јазикот.
- За време на посетата имавме ликовна активност со учениците користејќи Ебру техника и работилница – „Уметност на мермер“ (креативна и неограничена комбинација на бои на мрсна вода).
- Го посетивме образовниот центар Актепе, каде што гледавме час по роботика за деца од основно училиште, при што тие програмираа роботи и играа кошарка со роботи. Имавме можност и уживавме и ние наставниците во работата со учениците играјќи кошарка на еден поинаков дигитален начин.
- Го посетивме и средното техничкото училиште Орхан Абалиоглу, кое има 1200 ученици и различни отсеци – храна, електроника, ИТ, автоматизација, електротехника и обработка на дрво. Тоа е најдоброто технолошко училиште во регионот Денизли.
- Во текот на денот извршивме ИТ експерименти користејќи го програмскиот јазик Arduino, тестиравме систем за паркирање програмиран од учениците. Создадовме игри; тестиравме 3D очила и програми за симулација, кои учениците ги користеа за правење едноставни проекти, како што се работа со трактор или багер за градежништво, поправки на патишта итн.
- Мобилноста во Турција ја завршивме со активности за евалуација на стекнатите знаења, вештини и искуства и споделувања на искуства од нашата секојдневна работа.
- Во попладневните часови имавме можност за заедничко дружење и запознавање со бројните прекрасни историски места на Денизли: Лаодекија, Хиераполис, Памуккале со неговите уникатни травертини, Фетије.