22 Ноември-Ден на албанската азбука

Денес се навршуваат 113 години од денот кога во Битола на 22 ноември 1908 година, во зградата каде што бил сместен клубот „Башкими“ се одржа Конгресот за унифицирање на азбуката на албанскиот јазик.

Битолскиот конгрес за создавање на една, единствена азбука на албанскиот јазик се одржа во периодот од 14 до 22 ноември во Битола со учество на, како што се наведува во документираниот повик, Албанци геги, тоски, странци и посебно филозофи кои биле заинтересирани за отвореното прашање. За албанскиот народ, „Битолскиот конгрес“ беше најважниот настан во почетокот на XX век, каде од неговите резултати на 28 ноември 1912 година е прогласена и независноста на Албанија. Со ова, 22 ноември останува ден за помнење за албанскиот народ, познат како „Ден на азбуката“.