Ученички иницијативи – Отворен е Младински клуб
Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) реализиран од Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО) во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), ја продолжува соработката со општините со развиени и донесени стратегии за меѓуетничка интеграција и младинско учество и спроведува Младински акции на ниво на општина.
Врз основа на горенаведеното на 18.03.2022 година во 11:00 часот во Месната заедница (МЗ) Стајковци се одржа средба со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, претставници од локалната самоуправа, Дејан Ризински, одговорен на Тимот на МЦГО, Besa Reçi – Quality Assurance Coordinator, USAID Youth Ethnic Integration Project, Macedonian Civic Education Center (MCEC), Фари Хисени како дел од Тимот од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, директорите, одговорните наставници и ученици претставници на младинските иницијативи од училиштата ООУ „Дане Крапчев“, ООУ „25 Мај“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – с.Стајковци.
Од претходно одржаните средби на кои ние младите ги инициравме своите идеи и одбравме три приоритети, „Оформување на Младински клуб“, „Градење на Младински Парк“ и „Обновување на спортските игралишта“ кои во иднина ќе прејдат во акции кои ќе се реализираат во соработка и поддршка на општината, а со поддршка и на приватниот сектор е избран приоритетот „Оформување на Младински клуб“ кој се наоѓа во просториите на Месна заедница Стајковци. Градоначалникот на средбата официјално го потврди и одобри овој приоритет со што на учениците од сите училишта во нашата општина им се обезбеди креативно катче. Младинскиот ќе биде место каде ние како млади луѓе ќе можеме да соработуваме во различни проекти, да се здружиме преку друштвени игри и да го користиме тој клуб за различни активности како презентации, неформални дружби, учење на различни музички инструменти и различни бесплатни курсеви, но и да одржуваме работилници и училишни проекти, средби со членовите на ученичкиот парламент итн. Сето тоа ќе биде поддржано од страна на општината и градоначалникот. Од страна на градоначалникот бевме повикани да споделиме со него доколку имаме некакви потреби за нашите матични училишта и ние споделивме дека имаме потреба од замена на старите компјутери со набавка на лаптопи за училишната библиотека, со што градоначалникот ни потврди и вети дека во скоро време ќе се набават истите и ќе се достават во нашето училиште. Тој безрезервно ни даде дознаење на нас учениците дека ќе не поддржува во секоја наредна активност која ќе сакаме да ја реализираме. За тоа сме многу горди и благодарани.
По средбата ние учениците од трите училишта бевме интервјуирани од страна на медиумската служба од општината и притоа можевме да искажеме која е нашата улога и на кој начин придонесовме со самото учество во младинската кампања која го носи мотото #ЈасПридонесов.
На покана на нашите другарчиња имавме можност да го посетиме и разгледаме ООУ „Кирил и Методиј“-Стајковци, каде бевме убаво пречекани од своите другарчиња, наставниците, директорката и вработените во училиштето. Многу убаво си поминавме и ги поканивме и тие да бидат наши гости.
Ова беше еднен многу убав ден исполнет со позитивни случувања. Поздрав од нас „Млади иноватори“ – Алексеј, Катарина, Никола, Јана, Михаела, Клара и Петар, се гледаме повторно со некоја друга исполнета иницијатива.