Денес 2 февруари прославуваме 110 години од раѓањето на нашиот патрон – Дамјан Крапчев-Стари
Дамјан (Даме) Јованов КРАПЧЕВ-СТАРИ – с. Ивањица, Србија, 1912 – пл. Плачковица, 24. Ⅴ 1944 – комунистички деец и првоборец. Бил студент на Правниот факултет во Белград, член на КПЈ (од 1939) и активист на Спортското друштво „Работнички” во Скопје. Во НОБ учествувал во диверзантската акција на рудникот Радуша, Скопско, август 1941г. и бил политички комесар на Првиот скопски НОПО (октомври 1941). По расформирањето на Одредот на 29. XI 1941 се илегализирал, а потоа Дамјан Крапчев-Стари бил назначен за политички комесар на Вториот скопски НОПО. На судскиот процес во Скопје на 27. Ⅳ – 9. Ⅴ 1942 во отсуство бил осуден на смрт. Извесно време бил борец и во Скопско-косовскиот НОПО во првата половина на 1943 г, во шарпланинскиот НОПО летото 1943г, во Косовскиот НО баталјон и во Третата македонска НОУБ од 26. Ⅱ 1944 г. Загинал во борба со бугарската војска и полиција.
Иако тој не е веќе меѓу нас, не може да се заборави еден таков човек кој служи како пример на секој млад човек, за тоа како треба да се сака татковината.