15 Октомври е ден на пешаците,ден кога сакаме да потсетиме дека пешачењето е здрава навика ! За таа цел нашиот еко тим изработи флаери со кои ќе допринесеме да се потикне свеста за придобивките од пешачењето.
Физичката неактивност (недоволна физичка активност) е еден од водечките ризик фактори за незаразните заболувања и смрт во целиот свет. Недоволната физичка активност кај поедниците го зголемува ризикот од појава на рак, срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес за 20-30% и го скратува животниот век за 3-5 години. Покрај тоа, физичката неактивност го оптеретува општеството преку скриените и растечки трошоци за медицинска нега и губење на продуктивноста.
Клучни факти
· Недоволната физичка активност е еден од водечките ризик фактори за зголемена смртност во светот.
· Недоволната физичка активност е клучен ризик фактор за незаразните болести, како што се кардиоваскуларните заболувања, карциномот и дијабетесот.
· Физичката активност има значителни здравствени придобивки и придонесува за спречување на незаразните болести.
· На глобално ниво, 1 од 4 возрасни не е доволно активен.
· Повеќе од 80% од светската адолесцентна популација не е доволно физички активна.
· Политиките за решавање на недоволна физичка активност се оперативни во 56% од земјите-членки на СЗО.
· Земјите-членки на СЗО се согласија да ја намалат недоволната физичка активност за 10% до 2025 година.