21 март се одбележува како Ден на екологијата. Нашите ученици активно се вклучија во нејзиното одбележување преку изработка на еко пораки,изработка на скулптури од рециклирани материјали и литературни творби на тема Екологија.
Преку нивните одлични креативни изработки потсетуваат на сите оние работи кои несмееме да ги заборавиме:
-да ја чуваме природата, отворено да зборуваме за неправдата која ѝ ја нанесуваме на природата, но и заедно сите да делуваме како би ја прекинале истата
-да се грижиме за околината и природата значи сметот да го фрламе на точно одредено место
-повеќе да се возат велосипеди, да употребуваме еколошки неотровни средства за домаќинство,
-да засадуваме нови садници и да ја развиваме нашата еколошка свест неопходна за да се придонесе за почиста околина и поздрава средина.
Погледнете ги дел од ликовните и литературните творби на нашите вредни ученици!!!!