Борба против ракот
Сите знаеме дека ракот е една од најчестите болести кај луѓето во денешно време.
Околу 8 милиони луѓе годишно умираат од рак.
Феруари е месец посветен на борба против оваа болест.
Секоја година на 4-ти февруари го одбележуваме светскиот ден на борбата против ракот. Овој ден е потсетник дека борбата со ракот не е само здравствен проблем, туку глобално значајно прашање на рамноправност. Секој 4-ти февруари се обележува со цел да се спасат милиони животи преку подигање на свеста за ракот, поттикнување превенција, рано откривање и соодветен третман, но и мотивирање владините субјекти и индивидуалците ширум светот да преземат акција во борбата против ракот.
Многу луѓе сметаат дека нема потреба да се зборува за ракот. Свесни сме дека ракот може да биде тешка тема, особено во некои општества, но доколку отворено се зборува за болеста и се побара помош состојбата може да се подобри. Сите луѓе имаат право на пристап до докажан и ефективен третман и нега под еднакви услови, без страдање како последица.
ПОДРШКА ЗА СИТЕ КОИ СЕ БОРАТ СО ОВАА БОЛЕСТ
Изработено од членовите тимот на Црвен крст при ООУ “Дане Крапчев”, Сара Гичевска и Теодора Велковска