Учебната 2020/21 година е во многу нешта поразлична од сите досега. На почетокот на оваа учебна година се соочивме со еден голем предизвик – учење on-line т.е. учење од далечина. За негова реализација беа вложени големи напори и сега по завршувањето на првото полугодие може да се констатира дека се се одвива во најдобар ред и доста успешно. Анализата на успехот на учениците на крајот од првото полугодие ни покажува дека процесот на учење и стекнување на нови знаења продолжува и покрај се и дека учениците во текот на оваа полугодие навистина успешно се прилагодиле и покажале солидни знаења по предметите што ги изучуваат. Учениците од I до VI одделение се оценуваат со описни оцени, а учениците од VII до XI одделение се оценуваат со бројчани оцени.
Според покажаниот успех и примерно поведение во првото полугодие пофалени се следните ученици:
Михаела Димчова VII-2, Јана Саздовска VII-2,Сара Ангелова VII-3,Петар Ристовски VII-3 и Ања Јовановска VII-4; Теона Димишковска VIII-2, Никола Христовски VIII-2, Алексеј Стојановиќ VIII-3, Јана Смилевска VIII-3, Бојана Петровска VIII-3, Тамара Вељковиќ VIII-3; Јана Благојевиќ IX-1, Ема Димитровска IX-1, Душица Лозановска IX-1, Катерина Андонова IX-2, Христина Јовановска IX-2, Ангела Анѓелкоска IX-3, Јана Кметовска IX-3, Нина Ристиќ IX-3, Јована Цветковска IX-3, Теодора Велковска IX-4, Сара Гичевска IX-4, Лорина Јакимовска IX-4, Љубица Стаменковска IX-4, Анастасија Тодевска IX-4.
Направивме ранг листа според средниот просек на паралелките. Еве ги најдобрите паралелки во првото полугодие:
1. IX-2 одделение со среден просек 3,96
2. VIII-3 одделение со среден просек 3,88
3. IX-4 одделение со среден просек 3,86
Нашето училиште е гордо што има вредни ученици, мотивирани за работа и успех.
Среќен нека ни е почетокот на второто полугодие!