Млади Франкофони од “Дане Крапчев”
На 30 ноември 2019 година,на Филолошкиот факултет “Блаже Коневски” во Скопје се одржа државниот натпревар по француски јазик за седмо одделение на кој земаа учество и тројца ученици од нашето училиште: Алексеј Стојановиќ од 7-3 одд, Јована Деановска од 7-4 и Стефан Јанковски од 7-4 под менторство на наставничката Јасмина Ѓоргиева. Младите франкофони од “Дане Крапчев” покажаа одлично знање и успешно го претставија нашето училиште.
Во продолжение на денот, студентите подготвија забавни работилници за седмоодделенците кои се натпреватуваа. Два часа учениците играа разни игри на француски јазик и другаруваа.
Од 16.00 часот во Салонот 19.19 се одржа свечена приредба по повод Меѓународниот ден на професорите по француски јазик и 20 годишнината на Здружението на професори по француски јазик. На свеченоста присуствуваше и Амбасадорот на Франција, господин Кристијан Тимоние, советничката по француски јазик во БРО г-ѓа Кети Димнковска, г-ѓа Љупка Димова и г.Емануел Рамбер од Францускиот Институт во Скопје како и многу професори од Филолошкиот факултет и поранешни претседатели на ЗПФРМ. Програмата ја збогатија нашата ученичка Јана Стоилевска со прекрасната изведба на песната Je vole од Louane и хорот со песната Tout le Bonheur du monde од Kids United под менторство на наставничките Анета Митевска и Роза Јаневска.