16 Септември -Светски ден за заштита на озонската обвивка
Во нашето училиште на 16 Септември беше одбележан светскиот ден за заштита на озонската обвивка. Учениците, членови на Еко тимот изработија паноа за важноста на озонската обвивка преку која учениците се информираа за нејзиното значење и колку е важно да ја чуваме озонската обвивка која ја штити планетата Земја.
Учениците изработија и поставија и еко пораки на видни места во училиштето со цел да се подигне еколошката свест за почиста, позелена и поздрава иднина за себе и за идните генерации.
На учениците од училиштето им беше прочитан текст за важноста на озонот со цел да се привлече вниманието за зачувувањето на озонот и поттикнување на најмалите да учествуваат во неговото зачувување.
Рефератот за озонската обвивка можете да го прочитате во продолжение:
Светот го одбележува 16 Септември – Светскиот ден за заштита на озонската обвивка со цел да се привлече вниманието за важност на зачувувањето на озонот и поттикнување на најмалите да мислат на тоа.
Oзонската обвивка има значајна улога во заштитата на животот на Земјата и озонот е одговорен за спречување на околу 98 проценти од УВ зрачењето. Научниците уште во 1970 година открија дека озонската обвивка се намалува во просторот над Јужниот пол, а оваа промена е означена како „озонска дупка“.
Врз нејзиното зголемување влијае присуството на некои штетни гасови, односно супстанци во атмосферата.Со цел да се спречи уништувањето на озонската обвивка потпишани се голем број меѓународни протоколи, чија цел е контролирање на производството и употребата на штетните гасови. Уништувањето на озонската обвивка е последица на повеќе фактори, од кои најголемо влијание имаат некои хемикалии присутни во горниот слој на атмосферата а кои се користат во системите за ладење и системите за заштита од пожари.
….И да се потсетиме иако станува збор за глобален феномен, секој индивидуално со своето однесување односно со незагадување е пример за останатите и може да придонесе локално, за да имаме поздрава животна средина. Дека секој отпад несоодветно третиран ја загадува почвата и причинува да дојде до испарување на отрови во атмосферата, што севкупно влијае негативно на озонот.
ЕКО тимот