Есенско разубавување на училишниот двор
На ден 27.10.2017г. во организација на Eко тимот се спроведе акција за засадување на сезонски цвеќиња во училишниот двор.
Учениците активно се вклучија во акцијата уредувајќи ги жардињерите во дворот и засадувајќи сезонски цвеќиња. Засадени се околу 30 корени сезонски растенија од видовите љубичици и хризантеми кои учениците ќе ги негуваат . Во иднина планирано е да се спроведат и уште вакви акции со кои училишниот двор ќе биде разубавен.