Денес, на 6 Јуни 2023 год. Во ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје се одржа приредба со наслов „Франкофонија“. Особена чест и задоволство ни претставуваше присуството на градоначалникот на општина Гази Баба, г. Бобан Стефковски и на Амбасадорот на Франција г. Сирил Бомгартнер .
На почетокот изразивме голема благодарност до амбасадорот, Амбасадата на Франција во Македонија и секако на Францускиот Инстут во Скопје за тоа што ни овозможија да бидеме дел од мрежата „J’aime le français“ и за прекрасниот подарок – интерактивен панел за училницата по француски јазик.
Целта на приредбата беше да се прикажат резултатите од Етвининг проектот „Ја прославуваме Франкофонијата“ во кој учествуваат учениците од секцијата по француски јазик, три училишта од Италија и партнер училиштето од Скопје „Живко Брајковски“ Во рамките на проектот, учениците се претставија употребувајќи падлет а потоа се сретнаа и се запознавме на видео конференција. Секое училиште подготвуваше свои точки и вчера на 5 јуни имавме онлајн приредба на која сите учесници се претставија со свои точки.
На приредбата беа претставени точките подготвени за проектот но исто така беа вклучени учениците од 5 одд кои испејаа две песнички како и учениците од третто одделени кои танцуваа на француската песна од детскиот евросонг „Тик Так“ од Ензо. Настапи хорот со француска песна како и седмоодделенката Ана Дабиќ од училиштето „Живко Брајковски“ Скопје, еден од партнерите во Етвининг проектот.
Настанот го проследија многу ученици, наставници и родители на кои им благодариме за присуството. Се гледаме следната година со нови активности и проекти.