Тродневна екскурзија низ западна Македонија
Од 01 – 03.10.2017 беше изведена тродневна научна екскурзија со учениците од IX одделение. На ексурзијата присуствуваа 73 ученика и нивните одделенски раководители Весна Кочова, Јулија Јанкуловска, Катерина Лукарова и Елена Томевска.
-Цели:
-запознавање со природните убавини и знаменитости на нашите краишта, нивните природно-географски обележја, со релјефот, вегетацијата на овие простори,
-негување на старите културни вредности и обичаи
-запознавање со историјата на овие простори
-развивање позитивен став кон спомениците и природната околина
-запознавање на индустриските и земјоделските капацитети
-развивање и поттикнување на позитивни емоции
1.10.2017 Во 7:45 тргнување од Скопје, преку Тетово со посета на Шарената џамија. Преку Гостивар се упативме кон манастирот Св.Јован Бигорски . Во 11.30 прошетка и посета на манастирот Св.Јован Бигорски и мал одмор. Продолживме кон манастирот Св.Ѓорѓи Победоносец во с.Рајчица го разгледавме манастирот и се запоанаа со начинот на изработка на митри. Околу 15 часот пристигнуваме во Вевчани. Посета и одмор на Вевчанските извори. Од таму се упативме кон Струга, посета на Природо-научниот музеј и рагледување на градо, реката Дрим, „Мостот на поезијата“ и брегот на Охридското езеро. Во 18:30 пристигнавање во Охрид и сместување во хотелот Конгресен центар. Вечера, а по вечерата организирана забава со ди-џеј.
2.10.2017 По појадокот во 09:00 часот тргнавме кон Музејот на коските-Наколна населба на вода . По едно часовно разгледување продолживме кон Св.Наум со цел посета на манастирскиот комплекс. Во 14:00 часот враќање во хотелот за ручек и одмор. Во 16:00 тргнавме кон г.Охрид на прошетка, го раздледвме пристаништето, старата чаршија и кејот. Потоа се вративме во хотелот за вечера, а во 21:00 заминавме на диско забава во Охрид. Во 24:00 пристигнавме назад во хотел.
3.10.2017 По утринскиот договор и појадок заминавме во градот Охрид со цел посета на Самоилова тврдина, Плаошник , црква Св.Јован Канео , Св.Софија, и прошетка покрај Охридското езеро до Билјанините извори.. Во 14:00 се вративме на ручек во хотелот, се спакувавме и тргнавме кон Скопје со краток одмор на превојот Стража. Околу 18:50 пристигнавме во Скопје.
Одговорен наставник
Јулија Јанкуловска