Признанија за најмногу објави и најдобар автор на блогот
Креативноста и слободата во пишувањето и изразувањето, надополнети со истражувачки вештини, а сето тоа пренесено во духот на мајчиниот јазик, почитувајќи ги неговите правила и норми, се епитети кои ги одликуваат нашите новинари во вистинска смисла на зборот.Новинарството како професија, најнапред е дарба која треба да се негува и надоградува од најмали нозе.Нашите ученици, своите новинарски вештини, маестрално ги негуваат со своите извонредни и оригинални објави на нашиот Ученички блог ,, Дружината на Дане Крапчев,, кој непрестано функционира од 21 април, а таму доколку го посетите, пријатно ќе се изненадите од креативноста и нивната посветеност.Наша цел како наставници, не е само да ги поттикнуваме и храбриме туку и да им дадеме признание и да ги истакнеме најдобрите кои ќе бидат мотив за идните наши новинари.
По тој повод, во изминатиов период им давеме посебно признание на учениците Алексеј Стојановиќ од IX 3 одд. и Ања Јовановска од, VIII 4 одд. кои несебично својот талент и оригиналност го покажаа со своите објави на Ученичкиот блог на најразлични теми кои се актуелни меѓу младите, а со неговата посетеност придонесоа за успешна афирмација за работата на нашето училиште.АЊА и АЛЕКСЕЈ едно големо БРАВО од целиот колектив на Дане Крапчев, со искрени желби за уште поголеми успеси на ова поле во иднина!
Исто така големо БРАВО за VIII-4 одд кои во периодот септември – октомври во оваа учебна година имаат најмногу објави (18) и за VII-3 одд. кои во ноември имаат најмногу објаваи (10). Секој месец ќе го пофалуваме одделението со најмногу објави, а секој квартал учениците со најдобри, најоригинални објави.