Прво место за ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје
33 – ти Општински противпожарен квиз
Во ООУ „Крум Тошев“ се одржа 33 – тиот квиз по противпожарна заштита во организација на Општинскиот противпожарен сојуз, а под покровителство на општина Гази Баба.
На почетокот на настанот претседателот на ОПП Сојуз, Миливој Игњатовиќ ги поздрави присутните, а потоа свое обраќање имаше градоначалникот Борис Георгиевски, кој ја истакна важноста на едукацијата од областа на противпожарната заштита уште од најраната возраст, за навремен и адекватен пристап при реагирање во случај на пожари, со што ќе се спасат многу човечки животи и материјални добра.
Градоначалникот Георгиевски ја потенцираше важноста од подигање на свеста на граѓаните за внимателно и правилно ракување со се она што може да предизвика пожар, да се биде претпазлив за да можат да се спречат појавите на пожари.
На крајот од своето обраќање, градоначалникот им посака успех на сите натпреварувачи во квизот и секако да победи онаа екипа која има акумулирано најмногу знаење од областа на противпожарната заштита.
На квизот се натпреваруваат 10 екипи од основните училишта во категоријата на кадети и 4 средни и 2 основни училишта во категоријата јуниори.
На квиз натпреварот наградите ги освоија:
Во категорија Кадети
1 место ООУ „Дане Крапчев“
2 место ООУ „Стив Наумов“
3 место ООУ „ Крум Тошев“
Во категорија Јуниори
1 место СУГС „8 септември“
2 место ООУ „Његош“
3 место СЕТУГС „Михајло Пупин“
09.11.2017