Во месец мај и јуни ги реализиравме и последните часови од проектот „Градиме нови мостови“
Во месец мај научивме: -Што се еколошки фактори и како се поделени.Откривме какви врски создаваат неживиот и живиот дел од природата.
-Седниот предизвик беа синџирите на исхрана.Усшешно констуравме синџири на исхрана и ја одредиме улогата на секој организам во нив.
А во последниот месец од училиште јуни учевме за заштита на природата и биодиверзитетот. Посебен акцент ставивме на грижата за природата во нашата Земја и општина.Да споделиме што научивме:
-Се запознавме со најголемите загадувачи и промените кои ги предизвикуваат во животната средина- кисели дождови,зголемен ефект на стаклена градина,климатски промени…Тоа не потикнат часот од училница да го префрлиме во локалната средина.Прошетавме низ нашата населба забележавме загадувачи и несовесни граѓани. Сакаме да ја подигнеме еколошката култура и затоа на минувачите им поделивме пораки и совети за заштита на животната средина кои ги научивме со нашите наставници
И дојде последниот час каде сплотени на парчиња рециклирана хартија креиравме постери преку кои апелираме за грижа кон природата и потсетивме на загрозените видови во Македонија. Многу убаво завршена учебна година! Учевме и се дружевме! Запознавме нови другарчиња, научивме за другите култури. Научивме природни науки, а и како да се биде толерантен, сочувствителен, да делиш со своето другарче, да му помагаш и да го поддржуваш. ДОВИДУВАЊЕ ДО НЕКОЕ СЛЕДНО ВИДУВАЊЕ!
Фотографиите може да ги погледнете на нашата фб страница