О Г Л А С
За доделување 11(единаесет) стипендии на талентирани ученици
од општинските основни училишта на Општина Гази Баба за учебната 2018/19
- Услови за доделување стипендии
Право на доделување на стипендија имаат државјани на РМ, кои имаат статус на редовен ученик со следниве услови:
- да има постојано место на живеење на територијата на Општина Гази Баба, да не прима кредит, стипендија од друг давател,
- да е ученик во основно училиште на територијата од Општина Гази Баба
- листата на приоритет за кандидатите кои исполнуваат услови, ќе ги утврди комисија за одбирање на стипендисти формирана од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба.
- Потребни документи
Со пријавата за стипендија учениците се должни да ги приложат следните документи:
- заверена копија од местото на живеење(лична карта)
- уверение дека ученикот по прв пат го запишува училиштето во таа учебна година како редовен ученик (оригинал или копија)
- заверена копија од ученичка книшка,сведителства за учебната 2017/18 год.
- заверена изјава дека кандидатот не прима стипендија или кредит од друг давач, и број на членови во семејството(изјава од родител заверна на нотар)
- да учествувал и да покажал особен успех и интерес на разни манифестации, проекти и други настани од областа на науката , техниката, културата и уметноста (признаени од МОН) за учебната 2017/18 год.
За сите полнолетни членови на семејството да се достави следното:
- за вработените потврда за приходи(потврда за висината на последната плата, за пензионерите последен чек од пензија)
- за невработените, потврда за невработеност(потврда од Агенција за вработување)
- за невработените кои ги нема во евиденцијата на агенцијата за вработување, потврда на фондот за ПИОМ дека не е осигуран по ниеден основ.
- право на стипендија можат да остварат само по еден член од семејство (ученик)
во случај на ист број на бодови предност ќе има ученикот кој имал освоено повеќе бодови од успехот (просек на оцените)
III. Височина на стипендијата
- Височината на стипендијата е 1800.00 ден. месечно со пресметан персонален данок, се исплаќа во текот на месецот за претходниот месец почнувајќи од 01.11.2018 год. заклучно со 01.07.2019 год.
- Доколку ученикот добие право на стипендија по овој конкурс не може да добие стипендија од други конкурси.
- По доделувањето на стипендијата се склучува договор за стипендирање, со кој по блиску се утврдуваат правата и обврските на корисникот и давателот на стипендијата.
- Начин и рок на пријавување
Конкурсот трае 10 дена од денот на огласувањето.
Пријавите се поднесуваат во затворен плик со назнака “Пријава на конкурс за стипендија”, “Не отворај” во архивата на општина Гази Баба.
Непотполни и неблаговремени пријави нема да се земаат во обзир.
Градоначалник на Општина Гази Баба